НЕМА КАРАНТИН: Словачка го укина за државјани на 19 земји
Објавено во: Свет, Корона Вирус 09 Јуни, 2020
Во Словачка нема повеќе карантин за повратници од 19 држави.
Носењето заштитни маски на отворени јавни места нема да биде задолжително, туку ќе важи само како препорака. Во затворен простор, оваа мерка ќе мора да се почитува, освен во рамките на затворена група работници кои се на растојание од најмалку два метри.
Мерката на задолжителен двонеделен карантин за словачките граѓани кои се враќаат од странство, ќе биде укината за сите оние кои доаѓаат од 19 земји прогласени за безбедни, потврди премиерот Игор Матовиќ.
Во Словенија пак без карантин можат да влезат државјани од 17 земји.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.