19 Декември, 2025
0.0542

НЕМА КРАЈ: Им плаќаат на банките да земат пари

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2016 10:07

Добивај вести на Viber

Европската централна банка покрена нова рунда ултра-ефтини кредити за банките во обид да ја поттикне кредитната активност во зоната на единствената валута.

ЕЦБ соопшти дека банките можат да достават понуди за средства-познати под името „Целни долгорочни операции на рефинансирање“ (или TLTRO), од денес почнувајќи од 11,30 часот по Гринич до четвртокот, пренесе агенцијата АФП.

Резултатите од тендерот-количината на примени понуди, како и вкупните одобрени кредити, ќе бидат објавени в петок.

Аналитичарите на Комерцбанка велат дека побарувачката за нов сет TLTRO ќе биде „важен показател на здравствена состојба на финансискиот сектор на еврозоната“.

Сепак, ЕЦБ одлучила да покрене друг нов круг, кој овој пат се состои од вкупно четири TLTRO, секој со рок на доспевање од четири години, во рамки на кој банките можат да се задолжуваат по уште поконкурентни камати-по базна стапка од нула отсто, а во некои случаи стапката може да се спушти и до минус 0,4 отсто, што всушност значи дека банките уште и ќе заработат на задолжувањата кај ЕЦБ.

Овие услови на рефинансирање се „многу поинтересни“ од првата серија TLTRO, изјавил аналитичарот на БНР Париба банка, Тиблот Мерси.

Аналитичарот на Уникредит, Лука Кацулани, проценува дека банките би можеле да позајмат 400-450 милијарди евра на првиот тендер од новиот сет на TLTRO во пресрет на британскиот референдум за членство во ЕУ во четвртокот, бидејќи банките сакаат да се „наоружат“ за пазарните турбуленции во случај Британија да изгласа излез од Унијата.

Банките се должни да ги пласираат позајмените пари на компаниите и бизнис субјекти, бидејќи продолжението на слаба кредитна активност се смета за еден од клучните фактори за уште послабо економско опоравување на 19 земји кои го делат еврото.

Оваа шема „треба значајно да ги убалжи трошоците на задолжување на приватниот сектор и да пружи додатен поттик на кредитирањето“, изјави шефот на ЕЦБ Марио Драги вчера во Брисел.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд