05 Декември, 2025
0.0499

Нема криза за најголемите градежни компании!

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2012 08:30

Добивај вести на Viber

Најголемите македонски градежни компании кои котираат на Берза, Бетон и Гранит забележаа зголемени добивки, но помали приходи од продажба односно од извршени градежни работи во првите девет месеци од годинава. Гранит оствари добивка од 4,2 милиони евра која, поголема за 11% во споредба со лани, но забележа намалени приходи од продажба за 13% во споредба со лани кои изнесуваат 57 милиони евра. „Зголемувањето на добивката се должи на поекономичното работење, односно оперативните расходи се намален за поголем процент во споредба со процентот на намалување на оперативните приходи“, објаснуваат од Гранит. Бетон исто така пресмета намалени приходи од продажба кои изнесуваат 26 милиони евра и се за 8% помали од лани. Добивката за истиот период изнесува 588 илјади евра и е за 9,1% поголема од лани. И годинава карактеристична е зголемената градежна активност на домашниот пазар, каде што Бетон целосно ги остварил своите приходи, а Гранит има минимални зделки во странство. Всушност македонските градежни компании во изминатите 2-3 години живеат од проектите што им ги дава државата.  И двете компании се речиси целосно активирани на владиниот проект „Скопје 2014“. Гранит ги гради Кривичниот и Уставниот суд,  а ги доби и тендерите за изградба на катна гаража кај Цветен пазар, како и на зградата на Агенцијата за електронски комуникации, која е дел од проектот “Скопје 2014”. Бетон пак, беше ангажиран на фонтаната на Александар Македонски, реконструкцијата на Собранието, зградата на МНР, Јавното обвинителство и Финансиската полиција, а работеше и на изградба на постаментите на сите споменици. Намелениот и речиси незначаен обем на извршени градежни работи во странство пак, го потврди и Државниот завод за статистика кој објави дека во периодот јануари- септември  градежната оператива во странство извршила градежни работи со вкупна вредност од 11, 7милиони евра што е за 58,6% помалку во споредба со истиот период лани. Она што дава малку надеж е дека вкупната вредност на договорените градежни работи во странство за истиот период изнесува 83,6 милиони евра што е за 147.1% повеќе во споредба со истиот период од лани. С.Н.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец