01 Мај, 2024
0.0301

НЕМА НИКАКВИ ГАРАНЦИИ: На Вучиќ му нудат да го признае Косово, и ништо повеќе

Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Никој ништо не му нуди на Белград во врска со косовското прашање, освен да го признае Косово во рамките на границите признати од западните земји.

Ова го тврди српскиот претседател, Александар Вучиќ. 

„Мислите дека некој друг ни понуди нешто друго, бидејќи слушам приказни за тоа како поделбата е предавство? Никој не ни нуди ништо друго освен да го признаеме независно Косово како целина во рамките на границите на независно Косово,“ изјави Вучиќ, јави МИА.

За информацијата дека специјалниот претставник на претседателот на САД за преговорите Белград-Приштина, Ричард Гренел, барал признавање, а за возврат понудил инвестиции, Вучиќ вели дека имал добар разговор со него и дека нема да одговори на претпоставките што се појавуваат во јавноста.

Српските медиуми пишуваат дека американскиот претседател, Доналд Трамп преку посредник порачал дека Србија мора да го признае Косово. САД бараат Србија да го признае Косово, а притисок се најавува и од Европската Унија. 

Вучиќ деновиве во интервју за виенскиот весник Стандард  рече дека можноста Белград да го признае Косово во актуелните граници е исклучена, па дури и воопшто дека некогаш ќе го признаат Косово.  И ние ли ќе добиеме исти гаранции од ЕУ како С.Македонија ако го решиме косовското прашање, праша Вучиќ во интервјуто. 

фото ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат