02 Јули, 2024
0.0279

Нема пари од даноци и кирии, градската каса покуса, се доведуваат ли во прашање клучни проекти?

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Според опозициските советници со ваквиот реабалнс се доведува во прашање изградбата на клучни проекти, а за сметка на тие намалувања, се зголемени трошењата за изградба на катни гаражи. Од Градот Скопје уверуваат дека ребалансот нема да влијае врз реализацијата на проектите. Во градската каса во првите девет месеци од годинава се слеале помалку пари од планираното. Според образложението од Градот Скопје, од почетокот на годинава заклучно со септември, вкупните приходи и други приливи (за сите сметки) во Буџетот на Град Скопје изнесуваат нешто повеќе од 45 милиони евра, што претставува остварување од 46% во однос на планот за 2013 година. - Со оглед на тоа што до 30.09.2013 година, остварени се помалку приходи и приливи, дел од расходите во основниот буџет во износ од 293.550 евра се извршени од пренесениот вишок на приходи од минатата година. Во структурата на остварените приходи, најголемо процентуално учество имаат даночните приходи (44%) и приходите од трансфери и донации (36%). Значително е учеството  8 % на приливите од домашно и странско задолжување, што е во согласност со динамиката на реализација на проектите финасирани со кредити, стои во образложението од Град Скопје. На расходната страна во првите три квартала од годината од вкупниот буџет се потрошени околу 45 милиони евра, или 46 % од планираните расходи за целата година. Тековно оперативните расходи учествуваат со 68% а капиталните со 33 %. Во Основниот буџет односно во градската каса се собрани нешто повеќе од 24 милиони евра, или 40 % од планираното. -Во споредба со истиот период од минатата година, приходите оваа година се остваруваат со поспора динамика и намалување при остварувањето се јавува кај приходите од данокот на промет на недвижности и кај приходите од надоместок за уредување на градежното замјиште, кои вообичаено зазамаат високо учество во вкупните планирани приходи. Намалено остварување на приходите се јавува кај капиталните приходи (процент на остварување 15%), како резултат на намалена продажба и закуп на земјиште сопственост на Република Македонија, стои во образложението од Градот. Во однос на расходите, од градската каса во првите три квартала од годината се потрошиле близу 25 милиони евра, односно повеќе од остварените приходи. Од Градот образложуваат дека разликата се покрила со дел од вишокот на приходи остварен минатата година, наменет за извршување на расходите во првите три квартали од 2013 година. При тоа тековно-оперативните расходи во вкупно извршените расходи учествуваат со 56%, а капиталните расходи имаат учество од 44%. Во првите девет месеци од годината Градот се задолжил со околу 3.558.614 евра, дел од домашни, а дел од странски банки. Според извештајот од Буџетот на кредити, од оваа сума 2.186.653 евра е кредит од НЛБ Тутунска банка, наменет за изградба на катните гаражи. Близу 1,4 милиони евра е кредит од Европската банка за обнова и развој, средства наменети за реконструкција на булевар Борис Трајковски и за набавка на опрема за Центарот за управување и контрола на сообраќајот. Сумата од кредитите е речиси комплетно потрошена односно расходите изнесуваат 3.542.354 евра. По ставки 795.066 евра се потрошени за  набавка на опрема и машини, 2.170.393 евра за изградба на објекти, а остатокот за други градежни објекти. Пониски приходи од кирии и даноци Буџетот на самофинансирачки активности има остварување од 29% од планираното. Намалување е регистрирано кај приходите од такси и надоместоци, а кои во најголем дел се однесуваат на приходи од закуп на деловен простор, како и приходи од дополнителни активности на средните училишта и културните установи. Процентуалното оставарување на буџетот на донации изнесува 8% во однос на приходите,а се потрошиле 4 % од планираното за 2013 година. Приходите во буџетот на дотации за извештајниот период се остварени во целост согласно со динамиката определена од ресорни министерства (Министерство за образование и наука,Министерство за култура и Министерство за внатрешни работи) и имаат процент на остварување од 69%, образложуваат од Градот.Од овој буџет се потрошени околу 15 милиони евра или 68% од планираното. Најголемо учество имаат расходи за плати и придонеси на вработените во БППЗ, на вработените во средните училишта и во културните установи на Град Скопје (74%), 10% се расходи за комунални услуги, греење, транспорт и комуникации, а 13% е учеството на расходи за договорни услуги од што најголем дел се однесуваат на плаќањата за бесплатен превоз на учениците во средните училишта. Ребалансот нема да влијае врз реализацијата на проектите Буџетот на Град Скопје за 2013 година беше покус за 10% во споредба со претходната 2012 година. Лани кога се носеше буџетот градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, изјави дека кратењето на буџетот е поради економската криза и дека година се предвидува да влезат помалку приходи по основ на давачки од граѓаните и фирмите на територијата на Скопје. Но иако покус, и овој буџет претрпе ребаланс. Со ребалансот за 11% се намалија вкупните планирани средства во Буџетот на Град Скопје, поради непланираниот пад на приходите во буџетот. Градот одлучи повеќе да се задолжи, па затоа со ребалансот за 20 % се зголеми сумата за кредити, но речиси сите други буџети се намалија. Непроменети останат само средствата распределени во буџетот на дотации. Најголемо намалување на парите со ребалансот има кај ставките за градската администрација, уредување на градежно земјиште, јавен градски превоз, јавно осветлување, социјална заштита, против пожарна заштита, изградба на системи за отпадни води, реконструкција и изградба на патишта, енергетска ефиксност.  Но затоа пак во капиталните потпрограми во основниот буџет, со ребалансот се зголеми сумата планирана за изградба на комерцијални објекти односно катни гаражи, а се скратија парите за други проекти. Токму ваквиот реабланс наиде на жестоки реакции кај опозициските советници. Според нив со ваквиот реабалнс се доведува во прашање изградбата на клучни проекти, а за сметка на тие намалувања, се зголемени трошењата за изградба на катни гаражи. Од Градот Скопје уверуваат дека ребалансот нема да влијае врз реализацијата на проектите. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

„ИМАШЕ КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА, ПОТОА ДОЈДЕ СЈО“: Се огласи Димовски по пописот во Албанија

„ИМАШЕ КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА, ПОТОА ДОЈДЕ СЈО“: Се огласи Димовски по пописот во Албанија

ДОАЃА ПОСВЕЖО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ. Еве кога може да очекуваме стабилизација

ДОАЃА ПОСВЕЖО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ. Еве кога може да очекуваме стабилизација

„СИТЕ ПРОТИВКАНДИДАТИ ЗАГУБИЈА И ВО СВОИТЕ МАТИЧНИ ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗНАМ ДЕКА СЕ И ЕМОЦИИ ВО ПРАШАЊЕ“: Филипче за противкандидатите

„СИТЕ ПРОТИВКАНДИДАТИ ЗАГУБИЈА И ВО СВОИТЕ МАТИЧНИ ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗНАМ ДЕКА СЕ И ЕМОЦИИ ВО ПРАШАЊЕ“: Филипче за противкандидатите

Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство

Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Петровска: СДСМ има 83.000 членови, а Филипче стана претседател со 9.000 гласа

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Предизвикан пожар во уште една коцкарница

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

Новиот министер за евроинтеграции го помеша Дејвид Гир со актерот Ричард Гир

МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија

МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија

Албански планинар го замени македонското со албанското знаме на врвот Кораб

Албански планинар го замени македонското со албанското знаме на врвот Кораб