18 Декември, 2025
0.0676

„НЕМА ПАРИ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ЗА АЛБАНСКИ КОМПАНИИ“: Адеми се налути, вели дека Албанците биле дискриминирани при делењето на парите

Објавено во: Економија 28 Септември, 2025 14:27

Добивај вести на Viber

Национална алијанса за интеграција ја изразува својата најдлабока индигнација кон дискриминаторските политики на оваа влада, која не само што не ги почитува колективните права на Албанците, туку ги исклучува и од економскиот развој на земјата. Фактите се шокантни: 250 милиони евра државно субвенционирани кредити се распределени за македонски компании, додека албанските компании добиле речиси НУЛА. Ова не е само тешка економска дискриминација, туку и директен удар врз илјадници албански семејства кои ја обезбедуваат својата егзистенција работејќи во овие исклучени компании, рече на прес-конференција на потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми. 

„Овие средства, првично претставени како „кинески пари“, а потоа како „унгарски кредити“, беа наводно наменети за „домашни компании“. Но денес е јасно дека речиси ниту една албанска компанија не е вклучена. Додека Албанците плаќаат даноци во државниот буџет, тие истите се исклучени од државните бенефиции. Ова е чиста, организирана и намерна дискриминација. Скандалот уште повеќе се продлабочува кога Банката за развој на Северна Македонија, која го менаџираше овој процес, ги крие имињата на компаниите корисници правдајќи се со „банкарска тајна“. Но овие се јавни пари – парите на граѓаните – и транспарентноста не е луксуз, туку законска обврска. Самата Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) јавно побара итна транспарентност на листата на компаниите корисници“, рече Адеми.

Тој вели дека се работи за неправда кон албански бизниси, нивните работници, родители и семејства,

„Ова не е само неправда кон албанските бизниси, туку и кон нивните работници, родители и семејства кои живеат од тие плати. Секоја исклучена компанија значи десетици и стотици оштетени албански семејства, на кои им се ускратува правото да имаат корист од ресурсите што самите ги финансираат преку даноци.
Национална Алијанса за Интеграција итно бара:
• Објавување без одложување на целосната листа на компаниите корисници.
• Праведно и пропорционално учество на албанските компании во секој јавен фонд за економски развој.
• Непосреден прекин на дискриминаторските практики кои штетат не само на Албанците, туку и на стабилноста и праведниот развој на Северна Македонија.
Истовремено, бараме одговор и јавна одговорност од Првиот заменик претседател на Владата Изет Меџити и од Министерот за економија Бесар Дурмииши: каде завршија овие пари? Дали оваа економска дискриминација е дел од поширок заговор за поддршка на македонската олигархија која работи на дефакторизација на Албанците“, прашува Адеми.

Вели дека овие пари ќе се враќаат и од даноците на Албанците, а тие биле исклучени.

„Албанците нема да дозволат нивните пари, платени како даноци кон државата, да се користат за зајакнување само на компаниите на една етничка заедница, додека тие самите и нивните семејства остануваат исклучени. Овој срам не може да се прикрие со „банкарски тајни“ и пропагандни измами“, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?