НЕМА ПАТУВАЊЕ: Спуштени рампите на граничните премини

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Март, 2020 07:38
Од денеска сите
гранични премини на земјава се затворени. Одлуката синоќа ја донесе Владата, по
што министрите за здравство и за надворешни работи, Венко Филипче и Никола
Димитров информираа дека копнените граници кон соседите се затвораат за премин на странски државјани, патници и
возила, освен за влез и транзит на товарни возила за претставниците на
димпломатскиот кор во државава, како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола
по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека
постои посебен државен или економски интерес.
-Овие товарни возила и лица ќе влезат во Република Северна Македонија според посебни услови за заштита согласно протоколот на Министерството за здравство, изјави министерот Филипче.
Димитров предупреди дека дека доколку некој отпатува, не се знае кога ќе може да се врати.
„Не патувајте. Тој што планира да патува, неизвесно е кога ќе може да се врати бидејќи државите затвораат граници, аеродроми. Немаме контрола врз границите на трети држави. Време е да седиме дома, да бидеме храбри и смирени. Тие, пак, што имаат регулиран престој во трета држава, да се воздржат од враќање и да ги следат препораките на тамошните власти“, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров на вечерашната прес-конференција во Владата.
Можеби ќе ве интересира
„МОЖЕВ ДА УЦЕНУВАМ МИЛЈАРДЕРИ СО ФЕРАРИ“: еве го тврдењето на Палевски за обвинението - го поврзува со голем скандал со перење пари во Македонија
Советничка на ВМРО-ДПМНЕ си даде оставка во општина Кочани: Се залетаа за функции, се грижеа само за своите интереси
ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ СЕ ЕКСТУБИРАНИ И ЧЕКААТ ОПЕРАЦИИ, НО ДВАЈЦА СЀ УШТЕ СЕ КРИТИЧНИ - Таравари со најнови информации

ОЈО БАРА МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ПОСЛЕДНИОТ 19 ОСОМНИЧЕН - Обвинителството со нови детали

Полиција трага по исчезнат пензиониран планинар во Велес

„Ќе направиме сѐ што ќе побарате, само пуштете ја“: Александар Ѓорчевски денеска одговараше на прашања на судијата
