НЕМА ПОВЕЌЕ ДЕЛЕГАТИ - секој член на СДСМ тајно ќе гласа за избор на партиски лидер
Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2021 06:49
СДСМ оваа година ќе бира претседател на непосредни избори, со можност за гласање на секој член. Ова е една од одлуките на вчерашната 18-та седница на Централниот одбор на партијата.
„Оваа година, претседател на партијата ќе се избира на непосредни избори, со можност за одлучување, гласање на секој член. Во оваа насока започнува постапка за ажурирање на базата на податоци и регистрација на членовите на СДСМ.
Целиот процес ќе се води од најмалите организациони единици на СДСМ, од Месните организации, па се до најголемите единици и највисоките партиски органи, преку транспарентна постапка“, се вели во партиското соопштение.
На вчеашната седница Централниот одбор на СДСМ донел Кодекс за однесување на членовите и функционерите на партијата.

„Врз основа на компаративни и внатрепартиски анализи, со помош на американскиот меѓународен институти ИРИ, усевоен е Кодекс со кој се воведуваат највисоките начела и стандарди за однесување на членовите на СДСМ, особено за носителите на јавни функции. Како одговорна партија даваме конкретен придонес, преку одговорен мерит систем, за почитување на нормите и владеењето на правото, како и стандардите за етичко, одговорно, отчетно, професионално и транспратентно однесување и работење“, потенцираат од партијата.
Во обраќањето пред членовите на Централниот одбор претседателот на СДСМ, Зоран Заев, посочил дека СДСМ, како владејачка партија, годината ја започнува со нова енергија, подготвен за сите предизвици со кои е соочена државата.
„Во новата година влегуваме со нова енергија, подготвени за сите предизвици. Конечно да ставиме крај на пандемијата со коронавирусот. Вакцинирањето е операција од врвен приоритет и јавен интерес, обезбедени се потребни количини на вакцини за граѓаните, а институциите се подготвени да го реализираат во целост. Покажавме дека можеме да одговориме на најсилните предизвици кои ги донесе минатата година, да го заштитиме јавното здравје, економијата, да ги спасиме работните места, да им помогнеме на граѓаните. Оваа година ќе биде година и на целосен рестарт на економијата, нови економски потенцијали, мерки и политики за враќање на стапките на раст и развој како и зголемување на продуктивноста. Преку стратешката Акција 21 европските стандарди ги носиме дома а спремни сме и за реализација на пописот согласно сите европски критериуми“ рекол претседателот Заев.
Додал дека СДСМ е фаворит на сите анкети и во водство пред политичкиот противник, што, според него, потврдува дека граѓаните ги препознаваат државничките политики на СДСМ.
„Во оваа насока, дополнителната демократизација на партијата, со тоа што овозможуваме секој наш член да гласа на овогодинешните внатрепартиски избори е нов квалитет, нова вредност за СДСМ. За прв пат во нашата држава ќе се случуваат внатрепартиски непосредни избори за избор на претседател и тоа ќе го направи СДСМ, како што личи. Секој наш член ќе може да избира. Додаваме нова демократска вредност во партијата, во политичкиот живот и се надевам овој пионерски чекор ќе охрабри и други партии да не следат.“ додал Заев.

На оваа онлајн седница Централниот одбор донел одлука и за формирање на Форум на пензионери на СДСМ, а усвоил и Правилник за организација и начин на функционирање на овој Форум. На овој начин СДСМ ги мотивира највозрасните членови да ги искористистат нивните капацитети и искуство во градење на мерки и политики за унапредување на животот на пензионерите и на сите граѓани.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





