30 Април, 2024
0.0238

Нема правда, нема мир!

Објавено во: Колумни 13 Април, 2016

Добивај вести на Viber

КОГА НЕПРАВДАТА СТАНУВА ЗАКОН, ОТПОРОТ СТАНУВА ДОЛЖНОСТ! Оваа максима, која е искажана од Томас Џеферсон, деновиве кои ќе се нижат едни на други, треба да стане алфа и омега на секој добронамерник, на секој правичен и чесен човек, на секој патриот кој исконски и искрено си ја љуби нашата ни мила држава. Можеби ќе бидам обвинета дека повикувам на отпор, но спремна сум да го носам и тој товар на плеќите, бидејќи се работи за иднината на државата во која се родив, за државата во која растев, се едуцирав, работам и во неа и ден денес битисувам.  Без тронка грижа на совест, со чиста душа и отворен ум, јасно и гласно ќе воскликнам - ДОСТА Е... Доста беше криење во глувчешка дупка на интелектуалците, академиците, научниците Како индивидуа која е воспитувана во духот на моралноста и правичноста, како личност која не трпи лаги и манипулации, како одговорен граѓанин кој со сето срце и душа си ја сака сопствената држава, живее и твори во неа, имам морална одговорност, пред себе си, пред моите најблиски, пред оние кои ги едуцирам и ги учам за вистински вредности, пред граѓанството, сакам да сум искрена, чесна и чиста и токму затоа јавно ќе застанам во одбрана на она што се вика правда, правичност, чест и достоинство.  Секој вистински родољуб треба да застане на бедемот на правдата и одбраната на правдината, како и спроведување на истата. Секој добронамерник треба јасно и гласно да се спротистави на сите небулози и интриги кои се таложат една на друга, а го деградираат и она малку човечко достоинство што е останато. Доста беше молк, доста беше криење во глувчешка дупка на интелектуалците, академиците, научниците, во истата таа треба да се напикаат оние кои кројат лоши човечки судбини, оние кои се смеат на смртта на дете, оние кои не разликуваат алтруизам од аутизам, оние кои се огрешиле пред законот и правдата, оние кои невините ги затворале, оние кои универзитетска автономија ја уништиле, оние кои прислушувале, се богателе и изживувале. Истите тие како вредности ги имаат егоизмот, етноцентризмот, индивидуализмот и се кријат под плаштот на псеудо - патриоти, а многу далеку се од вистински родољуби, тие се само ситни души кои за сопствената добробит се спремни да му ја продадат душата на ѓаволот. Какви морални пораки испраќате до младите претседателе Претседателе свесни ли сте дека со својата одлука ја урнисавте државата,  дека го враќате Хобс и неговата борба на секој против секого, дека Диркем може да ви позавиди на аномичноста која се назира во општеството, а која вие ја ставате на пиедестал. Какви морални пораки испраќате до младите претседателе, дека можат да прават нечесни дејанија и за тоа да не одговараат, им давате индиректно модели за идентификација и имитација криминалци и хоштаплери, ги учите дека вистинските вредности не треба да бидат нивен морален атрибут, им покажувате дека доброто е патолошко, а патолошкото е добро, им го докажувате во пракса первертираниот вредносен систем. Која морална хипокризија ја потенцирате, и од вас да е многу е... П.С. Имав можност годиниве кои изминаа да работам проекти под покровителство на Ѓорѓе Иванов за спортски бон тон и толеранција, проекти кои имаа за цел сплотување и интеграција, проекти кои имаа прекрасна мисија и задача. Од денешен аспект само можам да искажам жалење дека нема да учествувам во ниту еден нов проект кој ќе биде под ваше покровителство, бидејќи толеранцијата треба и да се прокламира и да се практицира, а со денечниов ваш потег неа ја урнисавте, нема толеранција ако директно се бодбуцнува насилство и агресија на политички другиот. П.С.2 Не смееме да бидеме неми сведоци на сите овие толкувања бидејќи државата е наша светост и во името на мојата внука, во името на моите поколенија и во името на душата на моите предци ветувам правична борба за држава демократска во вистинска смисла на зборот...За Македонија се работи... Д - р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет - Скопје

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД