Нема разбирачка за законот за јазиците - Закана за нови тензии
Објавено во: Анализа 14 Септември, 2017 13:58
Стартот на собраниската процедура за носење на новиот закон за употреба на јазиците замалку не прерасна во отворен инцидент откако опозициските пратеници ја окупираа собраниската говорница. Сепак, не се очекуваше и ништо поинаку бидејќи ВМРО-ДПМНЕ долго време се обидува да создаде политички капитал токму со тврдењата за Тиранска платформа, федерализација и двојазичност кои сега ќе имаат можност и да ги материјализираат, особено што за кратко започнува и кампањата за локални избори. Можеби трката за градоначалници не е директно поврзана со законодавната власт, но реториката на „патриоти“ и „предавници“ досега емпириски покажа дека оди во полза на ВМРО-ДПМНЕ без оглед на видот на изборите.
Содржината на самиот закон подолго време и е позната на јавноста и истата беше оспорувана и од правници и од јазичари. Се создава една атмосфера дека Албанците најмногу ќе триумфираат со тоа што албанскиот јазик ќе станел втор службен јазик во државата иако истиот веќе се користи на многу нивоа и е застапен во сите институции. Идејата на законот за заокружување на јазичните права на немнозинските заедници во Македонија треба да овозможи градење на простор за меѓусебна доверба, особено во институциите на централната власт и службената комуникација при што никој нема да биде оштетен или обесправен.
СДСМ во овој период ќе има многу поголем товар врз себе бидејќи од една страна постигна договор со албанските коалициони партнери за решавање на јазичните права, а од друга страна постои ризик да биде прикажана како партија која ги загрозува македонските интереси дозволувајќи целосна двојазичност. Тука се и ветените рокови, односно дека законот ќе биде изгласен пред изборите. Да потсетиме дека Зијадин Села, но и други албански политичари се закануваа ако законот не биде изгласан навреме ќе ја напуштат владината коалиција. Тоа е преголема политичка цена која засега е тешко да се замисли дека ќе биде платена само за да се „истераат“ албанските барања, но секако може дополнително да ги комплицира односите меѓу коалиционите партнери.
Владата која е предлагач на законот, како и пратениците на мнозинството треба многу внимателно да ги водат процедурите бидејќи опозицијата веќе ги добива првите аргументи за несоодветност бидејќи законот ќе помине во Комисијата за европски прашања, а не преку Комисијата за политички систем. Исто така постои загриженост дека законот ќе се донесе без потребниот консензус, односно има недостиг на јавна дебата, што ќе мора подобро да се менаџира од власта.
Христијан Станоевиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





