29 Септември, 2024
0.0295

Нема упад во електронските системи и бази со податоци на МОН, информацијата на социјалните мрежи е лажна

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Министерството за образование и наука демантира дека е хакиран нивниот систем и велат дека видео снимките кои се шират на социјалните мрежи, не се од просториите на МОН.

„Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е точна. Видео снимките од безбедносни камери кои се прикажуваат, не се од простории на министерството. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации и да бидат спокојни по однос на прашањето за зашитита на личните податоци со кои располагаме за учениците, студентите, наставниот кадар и слично. Системите на МОН се соодветно заштитени“, пишуваат од МОН во своето соопштение до јавноста. 

Министерството за образование и наука информира дека по направени проверки на соодветната внатрешна служба заедно со надлежните институции за справување со компјутерски инциденти, не е констатиран никаков упад во електронските системи и бази на податоци со кои располагаат како институција.

„Во меѓувреме остануваме во постојана координација и продолжуваме да работиме со сите релевантни институции и органи кои работат во областа на компјутерскиот криминал и конфликти, а во насока на подигнување на безбедноста на електронските системи на уште повисоко ниво“, информираат од Министерството за образование и наука.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“