Нема веќе на одмор во Бугарија, плажите во опасност од изградбата на „Јужен тек“
Објавено во: Балкан 05 Февруари, 2013 18:57
Не е за занемарување ни дополнителното вознемирување предизвикано од високото ниво на бучава од компресорите кое може да го избрка туристите од регионот, велат екологистите.
За 0вие проблеми ќе се разговара за време на тридневната средба во Варна, на која ќе биде претставен проектот „Јужен тек". Мислењата и препораките ќе бидат опфатени во извештајот за влијанието на гасоводот врз животната средина.
Пред неколку дена од самата компанија која ќе гради гасоводот„ South Stream Transport“, објавија на својата веб-страница извештај за нивните идни чекори. Според документот, подводниот дел на трасата ќе биде граден во четири фази. Трасата во должина од 930 километри ќе тргнува од рускиот град Анапа и ќе поминува низ бугарската и турската економска зона во Црното Море.
Цевките излегуваат крај Варна и по три километри на копно, ќе се вклучат во бугарската преносна мрежа за гас, објаснуваат од компанијата. За да ги заштитат плажите и водите од загадување при евентуални несреќи, цевките ќе бидат закопани во песок на длабочина од 2,5 метри пред да излезат на површината. Во остатокот од подводна рута, цевките ќе бидат поставени директно на морското дно.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





