29 Септември, 2024
0.0346

Нема веќе сметки – пари ќе се префрлаат преку мобилен или на Facebook

Објавено во: Анализа 27 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Visa Европа ја проширува понудата на услугата Visa Direct, која до неодамна се нарекуваше Visa P2P payments, во повеќето земји, во кои можат да се вршат плаќања со Visa. За целта создава глобална услуга за плаќање од човек на човек, соопштуваат од компанијата. Искористувајки ја услугата, банките, кои се членки на Visa Европа, можат да ја понудат на сопствениците на картички можноста да преведуваат пари до скоро 2 милијарди иматели на картички Visa низ целиот свет. За целта е потребен само мобилен телефонски број или број на картичката Visa. Visa Direct ќе стане широко достапна во текот на летото на 2015 година и ќе биде достапна на 20 јазици. Таа ќе поддржува повеќе валути, за да им обезбеди на потрошувачите достава до пријатели и роднини само преку мобилниот број. Во моментов услугата има над 200 илјади корисници кои од март 2013 година досега превеле 43 милиони евра. Програмата за управување со примена на програмскиот интерфејс на Visa Европа веќе е на располагање на банките, така што тие можат да се интегрираат на Visa Direct во своите онлајн и мобилни апликации полесно. Fastacash, која е со седиште во Сингапур, и помага на Visa во понудата на можноста на банките членови да стигнат до своите клиенти на социјалните мрежи како Facebook, Twitter, WhatsApp и LinkedIn. Според Visa соработката ќе ги охрабри во надминување на јазот помеѓу банките и давателите на платежни услуги и корисниците кои сакаат да ги користат социјалните мрежи за пренос на пари. Visa Европа и fastcash имаат развиено заеднички технологијата "fastalink" со цел обезбедување на висок степен на заштита на услугата. Таа им овозможува трансфер на пари на социјалните мрежи и апликации за испраќање на пораки. Во моментов технологијата е во процес на патентирање. За да понудат висок степен на заштита на услугата, Visa Европа и fastacash заеднички развија технологијата "fastalink", која овозможува трансфер на пари на социјалните мрежи и апликации за пораки и е во процес на патентирање. Испраќањето на парични средства преку Visa Direct бара употреба на мобилна апликација или друг кориснички интерфејс, доставен од банката. Корисникот го воведува износот што сака да го испрати, и избира параметри од неговиот канал - преку социјалната мрежа со fastcash или преку мобилен телефон. Клиентот мора да го избере само каналот и адресатот, а добива известување за плаќањето. K.K.