18 Декември, 2025
0.2722

НЕМА ВЕЌЕ ЕВТИНО ОВОШЈЕ: Кајсија и праска или манго и авокадо – што преферираат граѓаните?

Објавено во: Економија 22 Јули, 2025 07:43

Добивај вести на Viber

Ако во минатото, тропските овошја важеа за поскапи, последниве неколку сезони и оваа година, овошките од нашето поднебје исто така се скапи. Изборот на овошја кои можете да ги купите за 100 денари за килограм е многу оскуден. Поради климатските промени и мразевите во пролет, овошјето сезонава е поскапо.

Граѓаните велат дека сепак не се откажуваат од кајсии, праски, цреши, а поретко јадат или воопшто не јадат авокадо, манго, ананас. Поради високите цени, луѓето објаснуваат дека купуваат помали количини овошје. За една година овошјето поскапело за 26,5 отсто. Ваква е состојбата ако ги споредиме цените во април годинава и во април во 2024 година.

„Мене воопшто не ми се јасни цените. Нашиве производи се поскапи од увезените, нема логика. Од тропските овошја јадам само банани, портокали, друго не“, вели Лена Филиповиќ, граѓанка.

Секој се организира според домашниот буџет за тоа колку и какво овошје ќе купи.

„Праски, банани, кајсии јадам. Скапи се, но земам по мала количина за да пробам. Јаболка си купувам. Манго, авокадо не ни јадам, а цитрони и лимони си купувам. Повеќе ги сакам нашите овошја. Лубеницата сега е евтина за разлика од другите овошја и од неа си купувам“, додава млада жена.

Од град до град и од пазар до пазар, цените варираат, но оваа година сите ќе паметат дека црешите беа екстремно скапи. Чинеа 1.300 денари, а сега се наоѓаат за 270 денари. Кајсиите во некои маркети се продаваат за 170 денари. Дури и јаболката кои во минатото беа поевтини, сега се над 80 денари за килограм. Рефус нектарини чинат 133 денари во еден од маркетите. 

„Земам по 2-3 парчиња, праски, сливи, за да измешам. Скапо ми. Еве сега одам и си мислам како ќе истерам до 1-ви. За мене авокадо, манго се луксуз, јас тие ги немам ни пробано“, рече Ленче Трајковска, граѓанка.

Не само овошјето, туку и зеленчукот годинава е доста поскап од лани. Луѓето сепак ќе мора да се навикнат на високите цени.

„Најверојатно луѓето треба да се навикнат на високи цени. Временските услови тоа го прават, мразеви, високи температури, нема производство и мора да е скапо. За овошките треба во зима и пролет да има добри услови. Пролетта најмногу влијае на родот на овошките. Преку лето нив може да ги наводнуваат и колку толку има принос, ама критична е пролетта“, вели Ацо Мицев, агроном.

Во април годинава зеленчукот бил за 13 отсто поскап од април лани. Инаку, вредноста на синдикалната минимална кошница за јули 2025 година изнесува 65.328 денари, според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ).  Во споредба со јуни 2025 година, кога изнесувала 64.698 денари, сега е зголемена за 630 денари. И во државите од регионот, цените на овошјето екстремно се зголемија.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа