26 Ноември, 2024
0.1018

НЕМА ВЕЌЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОДМОР - за пет дена надминат бројот на апликации, огласот се затвора предвреме

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Поради големиот број на пристигнати апликации - над 3.600, Министерството за економија донесе одлука денеска во 15:30 часот да го затвори јавниот повик за организирање на одмор за работници со ниски приходи за 2024 година.

Јавниот повик беше објавен на 12 февруари на веб-страницата на Министерството за економија и во два печатени медиуми, а крајниот рок за аплицирање за овој оглас беше 29 февруари 2024 година.

- Заклучно со денешниот ден, за пет дена од објавување на огласот во Архивата на Министерството за економија и по пошта пристигнати се над 3.600 апликации. Се очекува оваа бројка на апликации дополнително да се зголеми со барањата кои ќе пристигнат по пошта во наредните денови - велат од Министерството за економија.

За оваа мерка, како што нагласуваат, од буџетот на Министерството за економија се обезбедени средства во износ од 64 милиони денари со кои беше предвидено да се издадат вкупно 3.555 потврди-ваучери за одмор за работници со ниски приходи.

Согласно Јавниот повик, се доделува потврда-ваучер од 18.000 денари за сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари, кои ќе аплицираат за оваа мерка по принципот „прв дојден-прв услужен“ и во прилог на барањето да имаат комплетна документација согласно јавниот повик. Работниците одморот треба да го користат во домашните сместувачки капацитети пред или по завршувањето на шпицот на туристичката сезона.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија