05 Декември, 2025
0.0339

Нема зима за Штерјо: ја изгуби „Алфа“, ама ја доби „Европа“!

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2012 11:06

Добивај вести на Viber

Шпедицијата „Фершпед“ стана најголем акционер во скопската фабрика за чоколади и вафли „Европа“, откако за нешто повеќе од 120.000 евра ги купила акциите што досега ги поседуваше Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Според официјалните податоци на Комисијата за хартии од вредност, станува збор за 9.489 акции, кои претставуваат 3,71 проценти од главнината на кодниторската компанија. Со нив, „Фершпед“ стигна до вкупно 22,5 отсто од сите акции и го надмина досегашниот најголем поединечен акционер „Макошпед“, кој поседува 19,8 отсто од акциите од „Европа“. Трансакцијата, според податоците, била направена на 12 октомври. Фондот за ПИОМ ги понуди своите акциите на продажба по цена од 12,79 евра или вкупно 121.400 за целиот пакет. Освен „Фершпед“ и „Макошпед“, значителен дел од сопственоста на „АД Европа“ поседуваат и фирмата „Вет фарм Трејд“ (16,8 %),  и две физички лица: хрватскиот државјанин Боро Левентиќ (9 %) и косовецот Есамедин Хасани (8,5 %). АД „Европа“ во сопствен откуп држи 10,4 отсто од акциите со право на глас. Според информации што компанијата ги доставила до КХВ, во првата половина од годината „Европа“ остварила приходи од продажба во висина од 5,7 милиони евра, од кои како добивка и останале 170.000 евра, што е за 8 пати повеќе од истиот период лани. Компанијата има проценета номинална вредност од 13 милиони евра.   М.Г.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен