Немаше кворум, тројца пратеници се позитивни на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Март, 2021
Tројца пратеници од мнозинството се позитивни на коронавирусот, поради што денеска немаше кворум за да го утврди дневниот ред. Спикерот Талат Џафери соопшти дека во Собранието се присутни 59 пратеници од мнозинството.
„Тројца пратеници се спречени да присуствуваат на оваа седница затоа што се заразени со коронавирусот. Двајца од нив добиле одлука за изолација, бидејќи се позитивни на ковид-19, а третиот пратеник, кој има симптоми, очекува резултати“, рече Џафери.
Рече дека поради здравствената состојба на пратениците денеска не може да го утврди дневниот ред. Пратениците дополнително ќе бидат известени кога ќе се одржи гласањето. Собраниската седница продолжи со точката број 67, за Законот за тутун поднесен од група пратеници од мнозинството.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.