Немат Шафик од ММФ порачува:Хрватска мора да го поттикне својот претприемачки дух
Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2013
Хрватска мора да најде нов модел на раст и да го поттикне претприемачкиот дух,пишува Немат Шафик заменик извршен директор на ММФ за хрватски„Пословни дневник“.
Ова може да биде пресвртна година за Хрватска. Ако се се одвива според планот, Хрватска во јуни ќе стане 28 земја-членка на Европската унија, успех кој нешто повеќе од 20 години откако постигна независност, ќе ја зацврсти припадноста на Хрватска во европското семејство на народите.Меѓутоа, приклучувањето на Европската унија само по себе нема да биде доволно да се обезбеди раст и работни места за да се подобри животниот стандард, посочува Шафик.
Други земји кои се приклучија на Европската унија тргнаа по еден од двата правци. Некои гледаа на приклучувањето како на кулминација на програмата за реформи, со тоа што процесот на реформи по членството ја изгуби жарта. Други гледаа на приклучувањето како на можност да продолжат со реформите и да ги развиваат своите планови за раст и конкурентност. За Хрватска е важно да влезе во таа втора група на земји. Со подобро искористување на иновативноста и динамиката на своето население Хрватска може да ги искористи приликите кои ги пружа заедничкиот пазар и да обезбеди подобра и попросперитетна иднина за своите граѓани. Од 2000 година растот на БДП по жител во Хрватска во просек беше поголем од 2,5 отсто годишно, што значи дека заостанува зад многу други европски земји со пазари во развој. Овој тренд беше зголемен во периодот од 2009 до 2011 година, кога многу други земји во централна и источна Европа кризата ги поттикна да преземат тешки реформи. Инвестициите во хрватската индустрија во просек изнесуваа само 5 отсто од БДП годишно, што е значително помалку во однос на многу европски земји со пазари во развој. Недостигот на инвестиции во главниот сектор на стоки за размена најмногу е поврзан со тешката деловна клима и го кочи потенцијалниот раст. Препораки на ММФ за ХрватскаНедостигот на конкурентност, кој е предизвикан од релативно високите плати, го загрозува извозот. Уделот на Хрватска во светскиот извоз стагнираше во текот на последните 10 години и тоа значајно во однос на европските земји со пазари во развој. Понатаму, со стапката на партиципација на работна сила од само 58 отсто од работно способното население, помалку луѓе работат во Хрватска отколку во другите европски земји, што го отежнува забрзувањето на растот. Наспроти ниската партиципација на работната сила, невработеноста и понатаму е неприфатливо висока и изнесува 14 отсто. Приклучувањето на Европската унија е можност да се размисли за модел на раст на Хрватска. Како би изгледала стратегијата на растот? Препораките на ММФ детално се опишани во нашиот најнов извештај за хрватското стопанство, објавен во декември минатата година. Издвојувам неколку главни точки:
1. Како прво, јавните финансии треба да се доведат во ред. Наспроти големите напори во 2012 година, фискалната политика останува неодржлива. Се проценува дека хрватскиот долг, кој е веќе висок според стандардите на пазарите во развој, во среднорочен период ќе продолжи да расте. За да се намали јавната потрошувачка ќе треба да се разгледа обемот на платите во јавниот сектор и правата на пензиското и здравствено осигурување. Тоа не е лесно, но мора да се направи за да се зачува социјалниот модел на Хрватска за идните генерации и повторно да се стекне довербата кај инвеститорите, што е потребно за да се одржи пристап до странски финансии. 2. Како второ, да се спроведе амбициозна структурна реформа. Реформите се многу потребни за да го поттикнат извозот на Хрватска и потенцијалот за раст. Меѓу приоритетите спаѓаат и мерки кои би поттикнале повеќе луѓе да се приклучат на работната сила, вклучувајќи млади луѓе, постари работници и жени. Истражувањето на ММФ покажува дека растот на стапката на партиципација на работната сила на 70 отсто ќе го поттикне растот на БДП за 1 цел процентен поен. Реформите мора да вклучуваат мерки кои би олесниле на компаниите да го прилагодат бројот на вработени и платите на променливите околности за да бидат подготвени да го прифатат ризикот на инвестирање во проширување и создавање на нови работни места. Понатаму, чекори за подобрување на деловната клима преку намалување на бројот на дозволи и административни процедури потребни за отварање на компании, посебно на локално ниво, како и забрзување на процесот на приватизација, што ќе помогне во привлекување на многу потребните приватни инвестиции. 3. Како трето, да се обезбеди банките да останат стабилни. Кредитирањето е покренувач на животот на стопанството. Банкарскиот сектор на Хрватска, кој главно е во странска сопственост и понатаму е стабилен, добро капитализиран и отпорен на можен стрес. Но, рецесијата која е во тек го зголеми бројот на ненаплатливи кредити на околу 14 отсто од вкупните кредити, укажувајќи на тоа дека компаниите и потрошувачите се мачат со отплатата на долговите. Ќе биде важно да се обезбедат банките и да останат под контрола. Пресвртна година Целосно гледано, 2013 година може да биде пресвртна година за Хрватска. Членството во Европската унија е голем успех – достигнување на кое државата со право може да се гордее. Но, за да се исполнат стремежите на граѓаните за подобар живот, Хрватска мора да го поттикне својот претприемачки дух. Инспирација за тоа земјата лесно може да најде во своето минато: хрватските инжинери како Славољуб Едуард Пенкале октрија работи кои денес се користат во целиот свет, вклучувајќи ја и анодната батерија и првото мастилаво пенкало со цврсто мастило во 1907 година.Всушност, фабриката за пенкала која тој ја основал, тогаш била меѓу најголемите во светот, а и ден денес постои. Ако Хрватска успее да ги спроведе реформите на начинот кој погоре е зацртан, Меѓународниот монетарен фонд оценува дека стопанскиот раст може да забрза за околу 2 процентни поена, во среднорочен до долгорочен период, што не е мало достигнување. Тоа би послужило како цврст темел за Хрватска, како идна земја членка на Европската унија, ја завршува својата анализа заменик извршата директорка на ММФ, Немат Шафик.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.