19 Април, 2024
0.0327

Ненад Ристовски, Публицис Групација: Брендовите што се фокусирани на квалитетни содржини - секогаш ќе успеат да го задржат вниманието на корисниците!

Објавено во: Интервјуа 23 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Ненад Ристовски e Директор на одделот за Дигитални медиуми во Публицис. Со него разговараме на неколку актуелни теми поврзани со дигиталните трендови, употребата на дата во маркетингот, како и за ефективност на различните медиумски канали.

Живееме во дигитална ера, каде се се случува брзо, во време кога немаме целосна контрола на текот на информациите. Во такви услови колку се важни метриките, анализите со цел да се оправда ефективноста на еден маркетинг канал?

Можноста за директна мерливост на ефектите од користењето на дигиталните канали, претставува еден од суштинските бенефити на дигиталниот маркетинг. Метриките се појдовната точка при секое стратешко планирање, фактор за оптимизација и унапредување, и основа за донесување на соодветни бизнис одлуки. Со помош на метриките во маркетингот, ние можеме подетално да го разбереме однесувањето на корисниците, да го анализираме ефектот на секоја комуникација и да ја унапредиме ефикасноста на истата.

Која е улогата на податоците во маркетингот? Што тие овозможуваат?

Податоците (data) се новиот златен стандард на денешницата. Тие овозможуваат носење на информирани одлуки за секој аспект во бизнисот, вклучително и маркетингот. Во услови на едно цело море од достапни податоци, есенцијално станува структурираното управување со информациите и нивна употреба во секојдневните бизнис процеси. Без тоа, дигиталната трансформација едноставно не е возможна.

Затоа во Публицис развиваме Data Science специјалности – од machine learning (машинско учење) и примена на вештачка интелигенција во маркетинг, преку персонализација во комуникацијата, па се до data intelligence платформи преку кои нашите клиенти ќе можат подобро да го разберат однесувањето на потрошувачите, да ги следат конкурентските активности, како и перформансот на своите маркетинг активности.

Offline vs Online медиуми што е вашиот одговор? Или пак тајната сеуште е во нивното оптимално комбинирање?

Денес веќе е и апсурдно да се зборува за офлајн и онлајн канали, кога во услови на демократизирана дигитализација -  речиси сите тн. традиционални канали постојат и онлајн.

Луѓето денес многу поинаку ги користат медиумите. Конзумираат содржини какви сакаат, кога сакаат, каде сакаат и како сакаат (различни уреди). Токму затоа и се појавија огромен број на ОТТ стриминг сервиси, апликации, игри и социјални мрежи кои се борат за дел од корисничкото внимание.

Магична формула “one-size-fits-all” во адвертајзингот не постои. Секој бренд е уникатен, со специфична целна група која пак има специфични медиумски навики. Клучот за оптимален медиа-микс  е во аналитичкиот и систематизиран пристап базиран на податоци. Во Публицис Македонија – како дел од најдобрата маркетинг холдинг компанија во светот, имаме пристап до низа врвни глобални и локални алатки, процеси и know-how. Тие ни овозможуваат детално да го анализраме секој аспектод бизнисот на клиентот и неговата конуренција, да ги детектираме потенцијалните конзументи и нивните медиски навики, да го антиципираме ефектот на секој канал во секоја фаза од тн. “consumer journey” и да го детерминираме оптималниот медиа-микс.

Социјалните мрежи, по начинот на кој се создадени, сериозно се наметнаа веќе една декада. Во такви услови колку е важен квалитетот на содржината?

Квалитетната содржината отсекогаш била и секогаш ќе биде најважниот фактор за успех. За жал, живееме во ера на полу-регулирани социјални мрежи и лажни вести, каде секој може да биде креатор на контент. Тоа резултираше со наплив на огромен број на неквалитетни содржини. Од друга страна, вниманието на корисниците е се помало, што пак придонесува да се генерира се повеќе тн. “snack-size content” од забавен карактер (неколку секундни видеа, stories, snaps, reals, tik-toks и сл). 

Сметам декабрендовите што се фокусирани на продуцирање на квалитетни, паметни содржини и што ги познаваат спецификите на секој канал - секогаш ќе успеваат да го задржат вниманиетона корисниците, без разлика на каналот што е актуелен во моментот.

Дали имаме вистински инфлуенсери во нашата земја? Или самиот канал е преценет.

Зборот инфлуенсер во најбазична смисла на зборот треба да означува некој што може да влијае на однесувањето на луѓето, најчесто - за да купат одреден производ/услуга. За тоа е непходно да уживаат огромна доверба кај своите фанови. Сметам дека кај нас имаме лимитирани опции, пред се поради ограниченоста од големината на пазарот, нивото на професионалност при креирање на содржините и ниво на доверба кај потрошувачите. Постои голем простор за напредок, за да се стигне до степенот на „influence“ во вистинска смисла на зборот - присутно на поразвиените пазари.

Кои се најновите дигитални трендови?

Прво, би ги издвоил трендовите поврзани со податоците (data) од аспект на ефективна употреба на истите во маркетинг цели, data science за анализа на податоци, регулативата поврзана со истите (GDPR),  како и предизвиците за иднинатана дигиталниот маркетинг во свет без 3rd party податоци (“cookieless world”).

Како друг тренд би го издвоил развојот на е-трговијата, чиј развој пандемијата го забрза за 5-7 години. Постои наплив на е-продавници во светот и кај нас, диверзификација на услугите како и промена на шопинг навиките на корисниците.

На крај, како најважен тренд би ги посочил Metaverseи целиот еко-систем поврзан со овој поим (виртуелни светови, гаџети, NLF токени, крипто-валути, дигитален имот и сл). Големите технолошки гиганти се веќе во сериозна трка за изградба на инфраструктура која ќе ги поддржи ресурсите потребни за метаверзумот. Брендовите веќе пристапуваат во виртуелниот свет, кој несомнено во иднина ќе биде значаен (ако не и најзначаен) маркетинг канал.

Сите овие трендови ние не само што одблиску ги следиме, туку и имаме соодвети решенија со кои им овозможуваме на клиентите да ги имплементираат сите новитети во своите бизнис модели.

Можеби ќе ве интересира

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“