18 Јануари, 2025
0.0290

Неодговорноста го загуши Скопје во ѓубре

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Македонската метропола се гуши во ѓубре на сите страни. Речиси да нема чиста општина во главниот град кој наместо да биде огледало станува депонија.

На секој чекор може да се видат контејнери свртени наопаку а ѓубришта отпадоци и што ли уште не каде и да се свртиш.

Најмногу реакции има за општина Чаир. Оваа општина најмногу е погодена од смрдеата која се шири од сметот кој е расфрлан по улиците бидејќи има недостиг од канти за отпадоци.

Иста е состојбата и на автобуските постојки каде нема канти за ѓубре.

„Ова е срамота. Ова ни е огледалото пред светот. Странците доаѓаат да го видат Скопје а насекаде депонија. Тука нема место за напаѓање на комуналците. Се фрла насекаде“, реагираше еден случен минувач.

Граѓаните кои живеат во овој реон од градот прстот пред се го вперуваат во Општината и претпријатието за комунална хигиена дека го занемаруваат проблемот, но, исто така,  ги обвинуваат и неодговорните граѓани.

За корпите за отпадоци, велат дека едноставно исчезнале. 

„Не знаеме што се случи со нив. Исчезнаа, ги заплија, ги украдоа. И граѓаните се невнимателни, бидејќи кога гледаат дека нема каде да го фрлат отпадокот, треба да го задржат кај себе додека не најдат каде да го фрлат“, реагираат жителите.


Поплаки од граѓаните и до општина Центар, Жерновски се правда

На постојан смет и нехигиена реагираат и жителите на општина Центар.

Андреј Жерновски, кој ја води оваа општина вели дека контејнерите се во надлежност на град Скопје и дека и тој е гневен на колегите од Град Скопје, бидејќи и покрај многуте апели и барања до градоначалникот Коце Трајановски, не се презема ништо, а состојбата е катастрофална.

Тој вели дека граѓаните со право реагирале но но многумина од нив не знаат дека истите се во надлежност на Град Скопје, т.е. за нив треба да се грижи ЈП  “Комунална хигиена”, кое е јавно претпријатие на градот. 

„Веќе се сомневам дека од страна на “Комунална хигиена” намерно не се чисти во општина Центар, за да се создаде впечаток дека виновна за тоа е општината, а не Град Скопје. Од градоначалникот Трајановски добив одговор дека така е и во другите општини, што не е ниту оправдување, ниту пак со ова се согласуваме. Затоа, општина Центар е подготвена надлежноста за контејнерите да ја преземе во свои раце“, вели Жерновски.

Жерновски на седницата за советнички прашања, пред сите советници, посочи дека општината е подготвена и бара овој проблем да биде префрлен во надлежност на општина Центар.

Има што да видат странските туристи кога ќе дојдат во Скопје- „Култура над ниво“

Тоа дека екологијата не ни е најјака страна одамна е позната работа. Но, дека мора многу повеќе да се внимава на животната средина знаат сите. Сепак, скопјани очигледно тешко ги примаат европските културни навики. Затоа, пак, многу брзо учат како да ги ескивираат законите за да можат да пијат алкохол откако ќе затворат кафеаните или да фрлаат ѓубре во кое било време од денот и на кое било место, околу контејнерите, по улица, на тротоар, во трева... 


Има што да видат странските туристи кога ќе дојдат во Скопје. Секако, ќе им се пофалиме со новите градби и многубројните споменици, ќе ги прошетаме низ центарот со отворениот двокатен автобус, но нема да ги „завртиме“ по помалите улици или низ Градскиот парк, оти таму ќе ја видат сета наша некултура. Впрочем, не мора да одат дури до населбите, зашто нашиот начин на живеење лесно се забележува и низ центарот на градот, каде што не се само графитите оние што ја прават груба генералната слика за Скопје. Преполнетите и искршени контејнери, растуреното ѓубре околу нив, расфрлена покуќнина сето тоа боде очи.

Можеби комуналните работници не чистат доволно, можеби се бавни или им недостасуваат метли? А можеби недостига работна рака? Не е ни важно, оти факт е дека Скопје е нечист град, а скопјани, барем според културата на живеење, се многу далеку од Европа.

Има ли Македонија еколошка култура, и дали како вакви сме подготвени да се споредуваме со цивилизираниот свет?

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем