„Неограничена ликвидност“ на банките може да дозволи Турската Централна банка
Објавено во: Економија 17 Јули, 2016 18:28
Турската Централна банка денеска објави дека ако има потреба ќе дозволи „неограничена ликвидност“ на банките за да се зачува финансиската стабилност на земјата по обидот за државен удар.
Оваа одлука е донесена на вонредна седница на Централната банка на која се разгледуваа неопходните мерки.
По неуспешниот обид за симнување од власт на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се намали вредноста на турската лира односно од 2,87 лири за долар го премина прагот од три лири за долар. Во еден момент еден долар се менуваше и за 3.02 лири.
Лирата „потона“ веднаш по обидот за државен удар во земјата. Петок беше „црн ден“ за лирата затоа што оваа валута падна за околу 5% во однос на доларот, што е драматичен пад на валутата.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




