НЕОСНОВАН СТРАВ: И без Русите 200.000 туристи
Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2014
Стравот дека санкциите, економската криза во Русија и падот на рубљата ќе ја расипе туристичката сезона во Средна Европа и нејзината кулминација - божиќните и новогодишните празницим се покажа како неоснован, барем во главните туристички магнети како што се полски Краков или чешката престолнина Прага која за Божиќ и дочекот на Нова година очекуваат рекордни 200.000 туристи и без Русите.
„Проценуваме дека за Божиќ и дочекот на Нова година во Прага ќе престојуваат околу 200.000 туристи, вклучувајќи ги оние кои престојуваат приватно. Иако доаѓаа се помалку Руси, има значително повеќе туристи од Германија и главните азиски земји како што се Кина и Јужна Кореја. Туристите од Азија сега ни пристигаат и во периодот од годината кој за нив порано бил типичен“ рекла портпаролката на Прашката информативна служба Катарина Бартова.
Чешка смета дека оваа година ја посетиле за 80.000 до 85.000 помалку туристи од Русија.
„Нив во целост ќе ги надокнадат туристите од Германија, Словачка и Велика Британија. Туристите од Кина веќе се на 11 место по бројност а нивниот број забрзано расте и наскоро ќе се најдат во првите 10. Во првите три квартали најголем пораст на посети е забележан кај туристите од Индија , за 25 одсто, Кина, за 22 одсто и Јужна Кореја за 20 одсто “, рекол директорот на чешкиот Институт за туризам Јан Хергет.
Чешка, според неговите зборови планира дека прв пат во посетата оваа година се повеќе од осум милиони туристи, меѓутоа, приходите според проценките на агенцијата „MagKonsalting“ нема да ги урнат рекордите.
За туристите, без разлика на изостанокот на Русите, но и Украинците не мода да се грижи ниту Краков на југот на Полска кој според проценките на Туристичките организации ќе го посетат 9,9 милиони туристи оваа година, што е 630.000 посетители повеќе од минатата година.
Додека градовите на туристичките бисери во Средна Европа не мора да стравуваат поради изостанокот на руските туристи во криза се скијачките центри, како да кажеме Закопани во планините или зимксите центри на словачката страна на тие планини а исто така и некои чешки бањи.