НЕПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ПРЕД РАЗГОВОРИТЕ ВО РИЈАД: „Американските компании загубија 300 милијарди долари по напуштањето на Русија
Објавено во: Свет 18 Февруари, 2025 10:08
Шефот на рускиот Фонд за директни инвестиции, Кирил
Дмитриев, кој ѝ се придружи на делегацијата на Москва во Ријад за да разговара
за економските прашања со американските претставници, изјави за Си-Ен-Ен дека
американските компании изгубиле 300 милијарди долари откако ја напуштија Русија.
„Мислам дека она што го сакаме е добар дијалог. Всушност, американските компании загубија 300 милијарди долари откако заминаа од Русија. Поради недостигот на соработка во американската економија, имаше огромна цифра од загуби од 300 милијарди долари за американските компании“, рече тој.
Дмитриев, исто така, истакна дека економиите на САД и Русија би можеле да имаат корист од заедничката работа.
Според шефот на рускиот Фонд за директни инвестиции, изгледите за преговори се во дијалогот и барањето најдобро решение за САД, Русија, другите земји и меѓународната заедница.
Тој нагласи дека Американците и американскиот претседател Доналд Трамп се „одлични решавачи на проблемите“. Истовремено, Дмитриев укажа на потребата од градење мостови и колку е важно воспоставувањето односи меѓу Москва и Вашингтон за целиот свет.
фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN MINISTRY PRESSМожеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




