19 Декември, 2025
0.0361

НЕСОНИЦА ОД СТРЕС НА РАБОТА: ‘’Ахилова пета’’ на секој менаџер

Објавено во: Економија 21 Март, 2016 09:03

Добивај вести на Viber

14487D6786572143A94CD503B31E2A5BПроф. Д-р Антони Новотни, невропсихијатар при ЈЗУ Универзитетска клиника за Психијатрија- Скопје, вели дека третманот на несоницата зависи од причината и типот на несоница. Тоа значи дека не секој пациент со несоница треба веднаш да консултира психијатар. Првиот чекор кај иницијална инсомниа се состои во примена на нефармаколошка терапија, т.н. хигиена на сон, промени во стилот на живеење и промени во начинот на исхрана. Кај оние кои не реагираат на ова, се советува примена на природни препарати на база на мелатонин, валеријана, маточина и други кои помагаат за смирување и полесно заспивање. Во случај на немање резултати значајно е матичниот лекар да отфрли/потврди други причинители/коморбидитети  што се прави со добра анамнеза која вклучува и водење на дневник на спиење во период од 7 дена. Што е несоница, зошто настанува, и кои се ризик фактори и ризични групи на пациенти? Несоница (инсомнија) е дефинирана како повторувачка потешкотија која се однесува на заспивањето, одржувањето на спиењето или квалитетот на спиењето, која се случува и покрај соодветното време и можност за спиење, а резултира со пореметување на дневните активности. Вообичаени критериуми за несоница се:
  • Подолго време од 30 минути за заспивање
  • Спиење помалку од 6 часа
  • Будење повеќе од 3 пати во текот на ноќта
  • Спиење кое е со слаб квалитет.
Несоницата може да се манифестира како примарна или предизвикана/поврзана со други состојби:
  • Иницијална (примарна) инсомнија подразбира потешкотии при заспивање и/или рано утринско будење после кое не може повторно да се заспие. Лицата со иницијална инсомнија преку денот се чувствуваат поспано, уморно, напнато, анксиозно. Оваа несоница не е поврзана со ниедно органско/психијатриско заболување.
  • Несоницата може да биде предизвикана, поврзана или симптом на многу заболувања, состојби како што се:
  • Употреба на лекови( стимуланси), кофеин, никотин, алкохол.
  • Хормонални нарушувања (ПМС, менопауза)
  • Невропсихјатриски заболувања (Биполарнo растројствo, Депресија, Деменција,Шизофренија, Синдром на немирни нозе)
  • Органски заболувања и болка од различен тип.
  • Стрес, страв, брз стил на живот, работа во ноќни смени.
Несоницата е почеста кај жени во средна возраст (менопауза), луѓе кои работат во смени и пациенти со психијатриски болести или други медицински проблеми. Колку често се судирате со несоница кај пациентите со психијатриски заболувања во вашата пракса и каква е зачестеноста според возраст и пол? Се смета дека над 50% од сите несоници отпаѓаат на психијатриски болести а од друга страна најголем дел од психијатриските пациенти имаат несоница како пропратен симптом. При тоа несоницата најчесто се јавува кај пациенти со дијагностицирани: Биполарнo растројствo, депресија, ПТСР, ГАР, ОЦД, АДХД, шизофренија и др. Колку стресот и преоптовареноста на работното место можат да бидат значаен фактор за несоница? Во науката е опишан т.н. менаџерски синдром како последица на долготрајна, прекумерна и хронична изложеност на стрес на работното место. Психолошкото оптоварување кај деловнителуѓе, коидневноработат и по повеќе оддесетчаса, е заречиси 3патипоголемоотколкукајониекоисезанимаваатсофизичкаработа. Покрај тоа се проценува декаоколу 40отстоодделовните луѓе патат од симптоминанесоницаи раздразливост. Дополнителен фактор за несоница кај бизнисмените се и честите патувања, особено промената на временските зони со што се нарушува секојдневниот ритам на спиењето . Кога пациент кој страда од несоница треба да се обрати на лекар? Секој пациент со несоница има потреба од консултација со лекар доколку нема подобрување со примена на конзервативни мерки, во смисла на: водење на редовен живот, одење на спиење во исто време,правилна исхрана и внес на течности, односно редовни физички активности. Како правилно да се третира несоницата? dormirinТретманот зависи од причината и типот на несоница. Тоа значи дека не секој пациент со несоница треба веднаш да консултира психијатар. Првиот чекор кај иницијална инсомниа се состои во примена на нефармаколошка терапија, т.н. хигиена на сон, промени во стилот на живеење и промени во начинот на исхрана. Кај оние кои не реагираат на ова, се советува примена на природни препарати на база на мелатонин, валеријана, маточина и други кои помагаат за смирување и полесно заспивање. Во случај на немање резултати значајно е матичниот лекар да отфрли/потврди други причинители/коморбидитети  што се прави со добра анамнеза која вклучува и водење на дневник на спиење во период од 7 дена. Доколку се утврди дека несоницата е последица на друго (психијатриско, невролошко и др.) заболување пациентот се препраќа кај соодветен специјалист и соодветно се третира фармаколошки пред се со бензодиазепински и небензодиазепински хипнотици и/или антидепресиви. За жал кај нашата популација, но и во светот, нашироко е распростраета самостојната употреба односно злоупотреба на бензодијазепини како основна медикација за сон и спиење што носи големи опасности од развој на толеранција и зависност од овие лекови. Корисен може да биде и т.н. бихеjвиоралeн третман, но и други облици на психотерапија на сон и растројства на спиењето. Кои се несаканите ефекти од (зло) употреба на опијати/хипнотици при третман на несоница? Хипнотиците од бензодиазепински и небензодиазепински тип се моќни лекови кои секојдневно се користат во психијатриската пракса како пропратна терапија на многу состојби. Сепак нивната употреба треба да биде строго контролирана од стручни лица, да се користат исклучиво по потреба и не подолго од 3-4 недели.Во овој контекст користење на хипнотиците и опијати за самомедикација на пациентите не само што е недозволено туку и опасно по самите пациенти. Некотролираната употреба на хипнотици може да доведе до ‘’навикнување на пациентот’’(зависност), зголемување на дозите потребни за заспивање (толеранција) како и т.н. withdrawal syndrome (проблеми при прекин на терапијата со овие лекови кои бараат постепено намалување на дозите). Како да се одбере ефикасен фармаколошки третман за несоница кај пациенти без психијатриски нарушувања, а да се намали можноста од навикнување? Во почетокот на терапијата препорачливо е да се започне со природни производи на база на мелатонин, валеријана, маточина и др. Во потешки случаи се преминува на користење на хипнотици и/или антидепресиви кои треба да бидат исклучиво препишани од лекар и не треба да се употребуваат подолго од 3-4 недели Ваш совет до пациентите: како да се превенира појавата на несоница? При полесни форми и за несоница која трае пократко време, советите се во насока на применa на т.н. хигиена на спиење каде спаѓаат: одење на спиење во одредено време, укинување на попладневно спиење, да се избегнува кафе, кока кола, солени јадења, алкохол и пушење пред спиење. Прецизирајки детали од т.н. хигиена на сон, непосредно пред спиење, особено треба да се избегнува работа на компјутер и други електронски направи, потоа гледање телевизија, обилни оброци, физички напорни вежби итн.. Корисни се лесни релаксациони физички вежби кои помагаат за попуштање на напнатоста и враќање на самодовербата. Вежбањето не смее да е пренапорно затоа што ја потикнува несоницата, а поради високи адреналински нивоа се препорачува најмалку 2 часа растојание помеѓу последниот тренинг и ноќното спиење. Препорачливо е да се спие во мирна, ладна и темна соба, на удобна постела. На крајот , но не најмалку важно, треба да се одбележи и дека на сонот благопријатно делува споделувањето на убав разговор, нежност и милување со саканиот/саканата.  

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?