06 Декември, 2025
0.0328

Несовршено совршен – HalkEZ пакет за млади - И во ред е да не е совршено

Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2025 10:26

Добивај вести на Viber

Започнувањето на студентскиот живот е мешавина од возбуда и хаос. За некои значи нов град и барање сместување, за сите - поголеми трошоци за секојдневни потреби и адаптација на нова средина, бескрајни редици за упис, изгубени моменти во потрага по вистинската предавална, навикнување на новите професори, или трка по документи и уплатници. Овие почетоци не наликуваат на совршена сцена од филм - но тоа е реалноста со која ќе се соочи секој студент. А, токму таа несовршеност го прави искуството автентично.

Халкбанк ја препознава токму таа реалност и со кампањата „Несовршено совршен – HalkEZ пакет за млади“ испраќа порака дека е во ред да се греши, да се лута низ ходници, да не се добие 10-ка на испит и да се учи во движење. Несовршеноста е дел од патот кон самостојноста, а HalkEZ е тука да го олесни оној дел од приказната што се однесува на првите банкарски искуства, бидејќи за многу студенти, банкарството е исто толку ново колку и почетокот на студентскиот живот. Отворањето на платежна сметка, користењето на картичка или онлајн трансакциите се чекори што ја означуваат нивната нова самостојност...

Во оваа реалност се вклучува и HalkEZ пакетот за млади, дизајниран за генерацијата што живее брзо, дигитално, динамично и несовршено. Пакетот наменет за млади на возраст од 16 до 24 години, сигурно не е совршен, но нуди:

  Подигнување готовина од банкомати во земјата и во странство со Виза дебитна картичка за млади.

  Без надомест за водење на трансакциска сметка.

  Бесплатен пристап до електронско и мобилно банкарство.

  SmartSend – брзо и едноставно префрлање средства со еден клик на контактите од телефонскиот именик.

  SmartCash – подигање готовина од банкомати на Халкбанк без употреба на картичка.

  Е-касичка – можност за автоматско штедење на „кусурот“ при секое плаќање со картичка.

  Можност за бесконтактно плаќање со Garmin часовници.

  Низа дополнителни промоции и поволности специјално наменети за младите.

А за да го одбележи стартот на оваа иницијатива, Халкбанк подготви изненадување за првите 50 студенти кои до 3 октомври ќе отворат HalkEZ пакет. Овие лица ќе добијат кредит од 600 денари преку платформата „Корпа“ како мал знак дека несовршениот почеток може да биде и охрабрувачки.

„Младите растат преку несовршените моменти. Затоа, сакаме да им кажеме дека е во ред да се соочуваат со гафови и хаос, зашто токму тие моменти, во иднина ќе ги изградат во силни личности што ќе знаат да се справат со секакви ситуации. А HalkEZ е тука да им го олесни првиот чекор во светот на банкарството и да им даде поддршка што се вклопува во нивниот стил на живот,“ велат од Халкбанк.

Со HalkEZ банкарскиот пакет за млади на возраст од 16 до 24 години, тие добиваат партнер што ќе ги следи во секојдневните предизвици, средношколските денови и првиот ден на факултет, па сè до моментите кога ќе се чувствуваат самостојни. Несовршено совршено, како и нивното секојдневие.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј