Несреќи со трактор во радовишко и светиниколско - двајца повредени
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2016 14:42
Две сообраќајни несреќи со трактор се случија вчера во Македонија.
Во незгодите со тешки телесни повреди се здобиле тракторист и сопатник. Една од несреќите се случила на регионалниот пат од село Војславци кон Радовиш, а другата на локалниот пат Свети Николе – село Ѓуриште.
На локалниот пат Свети Николе – село Ѓуриште на месноста викана Бареш, околу 8.25 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „Фиат 640“ управуван од Ѕ.Р.(47) од село Горобинци и автомобил „Фиат Пунто“ управувано од В.Н.(57) од Свети Николе. Тракторот се превртел на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот И.Т. (50) од село Горобинци, кој со возило на Брзата помош е префрлен и задржан на лекување во Медицинскиот центар-Штип.
Сообраќајката на патот кон Радовиш се случила околу 11:40 часот кога пред објектот „Илинден 92“, Ј.И.(59) од село Војславци возејќи трактор „ИМТ-533“, изгубил контрола и излетал надвор од патот при што удрил во ограда од бетонски столбови и челична мрежа, а потоа се превртел во нива. Со возило на Брзата помош тој е пренесен во Медицинскиот центар-Штип, каде му е укажана лекарска помош и му се констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на несреќите направиле екипи од полициските станици Радовиш и Свети Николе.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




