Добивај вести на Viber
Силниот раст на пазарите во развој му помогна на швајцарскиот производител на прехранбени производи и пијалоци Нестле во првите девет месеци од оваа година да ги зголеми приходите за 11 проценти во споредба со минатата година.
Оттаму потврдија дека приходите до крајот на септември се зголемиле на 67,6 милјарди швајцарски франци. Притоа, на новите пазари Нестле го зголеми приходот за 11,7 проценти, додека на веќе развиените пазари 2,4%, со што оваа година очекува стапка на раст од 6,1%. Тие ја потврдија прогнозата за 2012-та и покрај покрај слабата глобална економија и тешките пазарни услови.
„Го зачувавме растот на развиените пазари и покрај жестоката конкуренција, економските проблеми и ниската доверба на потрошувачите", истакна извршниот директор на Нестле Пол Булке.
Тој додаде дека успехот на помалку развиените пазари е резултат на проширување на дистрибутивните канали на пазарот, како и проширувањто на палетата на производи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.