Нетанјаху: Државите што ја признаваат палестинската држава ги наградуваат терористичките акции на Хамас
Објавено во: Свет 21 Септември, 2025 18:15
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека создавањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел. Оваа негова изјава доаѓа oткако Обединетото Кралство, Австралија и Канада ја признаа Палестина.
Посочи дека Израел решително ќе се спротивстави на меѓународните иницијативи за формирање палестинска држава, нагласувајќи дека против овие процеси ќе се бори и пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).
„Треба да се бориме во ОН и на сите други арени против лажната пропаганда против нас и против повикот за создавање палестинска држава што би го загрозило нашето постоење и би претставувало апсурдна награда за тероризмот“, кажа тој.
Според него, државите што ја признаваат палестинската држава, всушност ги наградуваат терористичките акции на Хамас против Израел.
Потсети дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп по неговиот говор во ОН.
Можеби ќе ве интересира
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат




