НЕТО ДОБИВКА ОД БЕЗМАЛКУ ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - како порасна профитот на „Реплек“ за 147 отсто
Објавено во: Економија 01 Мај, 2025 06:36
Добивка од речиси еден милиони евра или конкретно 0,93 милиони евра оствари фармацевтската компанија „Реплек“ во првите три месеци од годинава.
Тоа е раст од дури 147 проценти во однос на истиот период од минатата година, соопштија од компанијата.
„Приходите од продажба како дел од вкупните оперативни приходи изнесуваат 488 милиони денари (7,93 милиони евра) и бележат раст од 26 отсто во однос на истиот период минатата година. Стратешки фокус на Реплек АД е сегментот фармација. Консолидирани приходи од продажба на сегмент фармација изнесуваат 480 милиони денари (7,8 милион евра) и бележат раст за 26 отсто во однос на истиот период во 2024. Во периодот од 1 јануари до 31 март 2025 година, Реплек АД оствари вкупни приходи од продажба кои ја надминаа проектираната вредност во бизнис планот за овој период. Во првиот квартал од 2025 година, компанијата целосно го исполни објавениот бизнис план, при што приходите од продажба во сегментот Фармација забележаа раст од 26 отсто во споредба со истиот период во 2024 година“, велат од компанијата во своето образложение на Билансот на успех.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




