29 Септември, 2024
0.0323

Неверојатно: Брисел ги убедува земјите на ЕУ дека имигрантите не штетат на економијата

Објавено во: Анализа 13 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Имигрантите во ЕУ носат полза, а не штета. Ова го покажуваат наодите од најновото истражување, овластена од Универзитетот во Фиренца кое го пренесе Европската комисија. Минатата година Бугарија и Шведска биле подложени на повеќе значаен имигрантски притисок, покажуваат податоците. Извештајот цели кон тоа да ги побие осумте најмногу распространети стереотипи во односот кон имиграцијата во ЕУ. Меѓу нив се тврдењата дека странците им ги земаат работните места на локалното население, го зголемуваат нивото на невработеност и се нискообразовани. Статистичките податоци покажуваат дека во последните петнаесетина години имигрантите не одземаат работни места од локалците, бидејќи се зафаќаат со активности, избегнувани од Европејаните. Токму затоа присуството на имигрантите во некоја земја не ја зголемува невработеноста, туку токму спротивното - ја намалува, докажува ова истражување. Од истражувањето станува јасно и дека имигрантите однапред избираат да се насочат кон земји со ниска невработеност, бидејќи целта им е да најдат работа. За образованието се наведува дека пониско образуваните, не се на тоа ниво поради слабата обука во земјата на потекло, туку на нивото на училиштето, кое што го посетувале. "Предрасудите кон имигрантите и кон странците што бараат азил во ЕУ, дава поттик на популистичките и националистичките партии", изјави еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром. Имиграцијата е многу чувствително прашање, рече таа. Според нејзините зборови последиците од осудата на имигрантите во ЕУ доведуваат до несакани политички и економски ефекти. K.K.