05 Декември, 2025
0.0283

Неверојатно – информацијата колку трошите може да ви го спаси животот

Објавено во: Анализа 21 Јули, 2014 08:15

Добивај вести на Viber

Колку и злобно да звучи, некои болници идентификуваат високоризични пациенти, купувајќи информации за нивната корисничка историја (на пример што сте купувале со кредитни картички, во какви програми за лојалност на продавниците учествувате и др). Податоците се вклучуваат во специјални алгоритми кои ја пресметуваат веројатноста даден пациент да се разболи. Така медицинските лица можат да интервенираат превентивно и потенцијално да спасат човечки живот. Такви алгоритми веќе се користат во здравствениот систем на Северна и Јужна Каролина. Да земеме за пример пациент болен од астма. Болницата треба да одлучи каква е веројатноста тој да влезе во ургентното одделение, истражувајки колку често тој купувал лекови, дали купувал цигари, како и дали живее во зона со силно загаден воздух. "Идејата е да ја користиме корисничката информација и предикативни модели, за да се грижиме подобро за здравјето на луѓето и да го сведеме до индивидуално ниво", вели Мајкл Длин, шеф на Одделот за анализа на информациите и резултатите од истражувањата во здравствениот систем на двете држави. Болниците имаат потреба од таков систем, бидејќи Владата во САД одбива да плаќа за лекувањето на луѓето кои го посетуваат ургентното одделение премногу често, а болниците се обврзани да ја преземат грижата за нив. Во земјата постои и иницијатива за намалување на истражувањата кои болниците ги бараат, бидејќи тие веќе не добиваат државно финансирање спрема количеството на направените истражувања, како порано. Затоа, системот кој може да предвиди што очекува секој пациент, без да се именуваат куп истражувања, има потенцијал да ја реши сложената дилема. Се разбира, упадот во личните податоци, трпи и познати критики. "Едно е да имаш телефон, на кој да заѕвониш, ако имаш здравствен проблем или едноставно прашање. Сосема друго е да добиваш несакани повици. Не ми се допаѓа тоа ", вели Американец, болен од дијабетес, признавајќи дека често ги игнорира телефонските повици од осигурителниот агент. Сомнителна е и ситуацијата со трговците на информации, од кои болниците ќе ги купуваат потребните податоци, бидејќи е нејасно каква точно информација ќе биде продавана. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени