23 Ноември, 2024
0.0268

НЕВЕРОЈАТНО: РЕК Битола потрошил 260 милиони евра, а произвел помалку јаглен

Објавено во: Економија 30 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ минатата година за РЕК Битола потрошил неверојатни 260 милиони евра во текот на 2023, со што е доведено во прашање исплатливоста на работењето на рударско-енергетскиот комбинат. Разликата за една година е повеќе од 100 милиони евра. Отстапувањето од самиот годишен план било безмалку 80 милиони евра.

ЕСМ во самиот годишен финансиски извештај објавен на „Македонска берза“ признава дека се фрлиле многу пари за ископ и транспорт на јаглен, а од друга страна биле пронајдени многу помалку количества од фосилното гориво. За ископ се потрошиле 47 милиони евра, односно двојно повеќе од една година претходно, според отчетот, а ефектот од тоа бил далеку послаб по една измината година.

„Трошоците за ископ и транспорт на јаглен во кило џули за период 01.01.-31.12.2023 година се 1.195.391 илјади денари и бележат зголемување од 894.913 илјади денари или 297,83  отсто во однос на истиот период минатата година. Произведени се 3.717.200 тони јаглен односно за -25,72 отсто помалку во однос на истиот период од 2022 година кога се произведени 5.004.100 тони јаглен. Произведениот јаглен во рудник Суводол претставува 62,78  отсто од вкупното производство на јаглен“, пишува во извештајот.

Енормно зголемените трошоци што ги прави РЕК Битола се оправдуваат и со зголеменото купување на увозен јаглен. Зголемена е и потрошувачката на мазут од 28,9 илјади на 37,25 илјади тони во РЕК Битола.

„Најголемо вредносно зголемување од 6.693.451 илјади денари има кај РЕК Битола поради зголемување на трошокот за набавка на јаглен за 3.578.539 илјади денари, трошокот за откоп на јаглен и јаловина за 1.127.679 илјади денари, зголемениот трошок за мазут за 188.752 илјади денари и друго“, реферираат од државните електрани, коментирајќи ги трошоците по подружници.

Она што паѓа во очи се енормно зголемените трошоци за надворешни услуги на ниво на ЕСМ. За тековно одржување се зголемени од 10 на 15 милиони евра. За ремонтни активности се зголемени од околу половина милион евра на безмалу 3,5 милиони евра. Вкупно, за услуги се платени 75 милиони евра, или 26,5 милиони евра повеќе за една година. Во отчетот се нагласени зголемените расходи за ангажирање на механизација од надворешни приватни оператори, а таму еве што пишува:

„Трошоците за откоп на јаглен и јаловина за период 01.01.-31.12.2023 година се во износ од 2.876.063 илјади денари и се зголемени за 1.478.019 илјади денари или 105,72 отсто во однос на истиот период минатата година додека во однос на планот се зголемени за 39,23 проценти. Зголемувањето на трошоците се должи пред се на: 1.Трошоците кои опфаќаат ископ, транспорт, одлагање и разатирање на јаловина на далечина од 1.500- 3.000 метри за период 01.01.-31.12.2023 година, тие се 390.686 илјади денари и се намалени за - 60.574 илјади денари или -13,42  отсто. 2. Трошоците за ангажираната дисконтинуирана механизација од надворешни фирми за период 01.01.-31.12.2023 година се остварени во износ од 939.646 илјади денари и бележат зголемување од 293.340 илјади денари односно 45,39 отсто во однос на истиот период 2022 година и истите се однесуваат на ангажирање на услуги од градежни машини заради создавање на услов за формирање на нови траси и објекти за одводнување како и создавање поволни услови за работа на рудникот. Потребата од ангажирање на механизација од надворешни фирми се јавува како резултат на недостатокот на сопствена механизација“, потврдува извештајот.

Во рамки на големите трошоци имало и инвестициски активности.

„Најголем дел од инвестиционите активности се вложувања во отварање и екплоатација на рудник ПЈС (РЕК Битола) во износ од 205.299 илјади денари, санација на кула Блок 2 (РЕК Битола) во износ од 182.385 илјади денари, инвестициска откривка Брод Гнеотино во износ од 535.153 илјади денари, докапитализација термо (РЕК Битола) во износ од 215.549 илјади денари, систем за хомогенизација на јаглен во износ од 115.375 илјади денари, нов трансформатор (РЕК Битола) во износ од 336.211 илјади денари и репарација на стар во износ од 108.891 илјади денари, опрема за фотонапонска централа износ од 64.352 илјади денари, топлификација инфраструктура во износ од 644.681 илјади денари, механизација во РЕК Битола и друго“, додаваат од ЕСМ.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација