НЕВИДЕНА ТРАГЕДИЈА: Осуммина загинаа, 13 се повредени во пожар во старски дом во Белград
Објавено во: Балкан 20 Јануари, 2025 08:26
Осум лица загинаа, седум се повредени, а 13 се спасени во пожар што утринава избувна во дом за стари лица во населбата Велики Борак во белградската општина Бараево. Во моментот на избувнувањето на пожарот во објектот имало 30 корисници.
Седум повредени се пренесени во ВМА и Ургентниот центар.
Според пишувањето на српските медиуми, пожарот го предизвикало лице кое запалило душек во соба во домот за стари лица, кое изгорело во пожарот. Лицето што го запалило имало одредени психички проблеми.
„Постојат сериозни индиции дека оваа трагедија е предизвикана од криминални активности на поединец. Домот ги имаше сите дозволи и важечка лиценца“, изјави министерот Немања Старовиќ за РТС.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




