19 Декември, 2025
0.0357

НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Избирачкиот список го „пере“ само попис!

Објавено во: Економија 09 Април, 2016 09:50

Добивај вести на Viber

Применетата вкрстена проверка на податоците не ја даде во целост очекуваната активност,  бидејќи базите на податоци не се следат по исти стандарди, закони, класификации и дефиниции во сите институции. Државната изборна комисија  која е надлежна да го води, ажурира и верификува избирачкиот список и со закон задолжена, не ја има превземено оваа функција во целост и оттука со години наназад и во повеќе циклуси појавите на сомнителност во веродостојноста наместо да се намалуваат, тие само се зголемуваат-вели за Фактор, Дончо Герасимовски-експерт по статистика и поранешен директор на Државниот завод за статистика. Дополнителен проблем е вели што дел од членовите на Комисијата носат партиски, а не  професионални одлуки, па така наместо да се поедностави целата процедура станува “невозможна мисија”. “Сметам дека во целина додека има партиски одлуки и гласање со два прста надвор од професионалното работење со примена на сите закони и стандарди, ќе нема не прочистен туку избирачки список во кој граѓаните ќе немаат доверба во истиот никогаш. А зoшто? Затоа што штитејќи ги партиските и етничките бои не важат никакви правила,  а што значи и тоа  дека се што е сомнително и се што треба да се провери- треба да се провери и верификува, а не да се гласа за она што ни одговара или не одговара да се проверува. Оттука произлегоа многу нејасни состојби во избирачкиот список на голем број бирачи“-вели Герасимовски. Според него мора неминовно да се спроведе и пописот  на населението, но како што вели согласно светските и европски стандарди и кој ќе потврди дека истиот одговара на состојбите во државата. Дополнително, додава Герасимовски, мора да се направи и Регистар на население  кој ќе биде предуслов  да се расчисти во целост  избирачкиот список, за потоа граѓаните да имаат  доверба во истиот бидејќи со оваа динамика на предизборно работење  има нефункционалност на институциите кои само  ја подгреваат недовербата кај граѓаните. “Има многу појави кои го зголемуваат бројот на гласачи, а такви се возраста, непријавување на умрени посебно оние што се на привремена работа во странство поради нивниот мал број, големиот број на бирачи кои се на привремена работа во странство, а не се знае колку се точно. За жал тоа не го знае ниту една институција во државата, недоволно јасни и грешни состојби на терен на улици и куќни броеви, голем број на членови во домаќинства и тн. За да сето тоа се надмине е потребна политичка воља“- смета експертот по статистика. Институциите во системот додава Герасимовски, често не ги почитуваат и применуваат законите со европско знаменце. Дополнително вели граѓаните не се ажурни во своите документи и сето тоа создава  голема недоверба во избирачкиот список , а логиката според него  е во големиот број бирачи. Решенијата за сите овие проблеми, вели можат да се најдат само ако функционираат институциите, да се применуваат и почитуваат законите, да се дисциплинираат граѓаните  да  бидат совесни и одговорни и на крајот секако вели неминовно  е да се спроведе попис на населението со кој ќе се добие реална  претстава колку и какво население живее во земјата. Административно - техничка проверка на податоците во избирачкиот список според него, може да се направи само со тековно ажурирање на списокот од надлежните институции. “Во вакви услови не е возможно да се спроведе изборниот процес бидејќи граѓаните немаат доверба во истиот. За илустрација само да спомнам дека од повеќето рокови во целост ниту еден не е исполнет,  а тоа го покажа и теренската проверка во избирачкиот список. Проблемот бил и ќе биде само во навремените подготовки и стручноста на актерите. Што значи тоа: не може да одите во акција со парцијални работи со ненавремени подготовки“-порачува Герасимовски. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар