НЕВРАБОТЕНИТЕ СЕ ЛИЗНАА ПОД 100 ИЛЈАДИ – се помалку граѓани се пријавуваат во Агенцијата, долгогодишните баратели и понатаму најбројни
Објавено во: Економија 04 Септември, 2024 11:53
Бројот на
невработени граѓани кои бараат работа и се пријавени во Агенцијата за
вработување на Македонија бележи континуиран пад. Неколку месеци по ред има намалувања на невработените лица, а истата тенденција е забележана и во јули. Со последното намалување на невработените бројот на лица кои се пријавиле за невработени се спуштил под 100 илјади.
Согласно последните податоци на Агенцијата објавени на нивната веб страна, во јули како невработени биле пријавени 98.976 граѓани. Вреди да се напомене дека уште 46.291 лица се пријавиле во Агенцијата како лица кои бараат работа.
Бројките покажуваат дека последниве месеци бројот на невработени граѓани континуирано опаѓа. Па така најмногу невработени биле регистрирани во февруари, кога имало над 106 илјади невработени граѓани. Во март бројот се намалил на над 105 илјади, додека во април невработени биле 103.767 граѓани. Веќе во мај бројот на невработени спаднал на 102 илјади, додека пак во јуни на 101.510 невработени.
И кај бројот на лицата кои се водат како баратели на работа, има осцилации, и постепено намалување, но не толку големо. Кај нив најголем број пријавени во Агенцијата имало во март и тоа 47.452, по што бројот постепено се намалувал.
Останува и понаму горливиот проблем, најголем дел од невработените се лица кои подолг период чекаат вработување. Најголема е групата на граѓани кои се пријавуваат како невработени меѓу пет и седум години. Тука има вкупно 19.050 лица кои не работат. Од нив само во Скопје невработени се 4.603 лица, додека пак во Куманово има 2.734 граѓани.
Отскокнуваат и граѓаните кои се пријавуваат во Агенцијата како невработени од еден до пет месеци и тука има 12.324 лица. И во оваа категорија најмногу невработени има во главниот град, и тоа точно 2.348 граѓани, додека следен град со најголем број невработени кои бараат работа од еден до пет месеци е Тетово и таму има 1.449 невработени сограѓани.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?
Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли
(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен
Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува
Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце





