14 Мај, 2024
0.0268

Невработеноста опаѓа - овој град е втор по бројот на слободни работни места

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Втор град по бројот на слободни работни места во земјава е Штип. 

Ова го изјави денеска директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски на Инфо денот за невработени лица и работодавачите. Вели дека фирмите во Штип сега имаат потреба од вработување на 420 лица.

„Граѓаните на Штип и околината на Штип ќе можат да ги погледнат овие работни места на нашиот веб-портал и огласите да ги побараат и да го добијат на сопствениот профил без да бараат каде ќе можат да аплицираат. Инаку работните места кои се објавуваат се од продавачи, келнери, шивачи од инжиењери, од истражувачи, буквално сето она што во Република Македонија има потреба и самите плати се движат од минималната плата па до плати кои изнесуваат до 170.000 или 180.000 денари, во зависност од каков тип на работник се бара“- рече Поповски.

Во градот се евидентирани 2.100 акивни баратели на работа. Работодавачите бараат лица со средно стручно образование, вели раководителот на Центарот за вработување, Лазе  Димчов. Објаснува дека во последно време имаат мал проблем со недостаток на општи работници. 

„Значи работници со пониско образование, што ги бара стопанството. Во Штип се отворија многу слободни работни места и странски инвестиции со огромен број работни места. Ние веќе ги исцрпуваме можностите од наоѓање кадар, кој го бара самото стопанство. Во иднина ќе гледаме да обезбедиме од соседните општини, пред се од Свети Николе, Радовиш и Пробиштип, а и го правиме тоа веќе подолг временски период, а компаниите организираат сопствен превоз да ги донесат работниците во Штип“ - кажа  Димчов.

Во 2005 година во Штип имало 17.000 вработени лица, а оваа година бројката на вработени лица е 24.500 лица.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција