НЕВРАБОТЕНОСТА СЕ НАМАЛИ, НО И ПОНАТАМУ ПОВИСОКА ОД ПРОЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ – еве кои се најризични групи на граѓани
Објавено во: Економија 30 Септември, 2025 07:39
Најновите податоци на Агенцијата за вработување на Македонија покажуваат дека продолжува трендот на намалување на лицата кои се невработени или кои бараат работа.
Последните податоци кои ги објави АВРСМ велат дека во месец август невработени биле 95.032 лица, а во групата други лица кои бараат работа се пријавени 42.595 граѓани. Овие бројки покажуваат дека има помалку граѓани, за разлика од минатиот месец кои бараат работа.
Од почетокот на годинава бројот на лица кои бараат работа и се пријавуваат во Агенцијата за вработување во Македонија континуирано се намалува. Секој месец Агенцијата бележи благ пад на невработените, па така, ако на почетокот на годината имало невработени над 96 илјади граѓани, кои во февруари се зголемиле на над 97 илјади невработени, веќе во март спаднале на 95 илјади невработени граѓани.
Потоа повторно имало намалување, па во Април нивниот број се намалил на 94 илјади граѓани кои се невработени. Во групата други лица кои бараат бројките се движат грубо околу 44 илјади низ месеците со благи варијации.
Во петтиот месец од годината бројката била повторно благо над 94 илјади граѓани, за во јуни да порасне за над 3 илјади невработени лица и да се зголеми на над 97 илјади невработени. Од месец јули Агенцијата повторно регистрира пад на невработеноста, за во август, како што пишавме погоре да достигнува благо над 95 илјади невработени граѓани.

Најголем дел од невработените граѓани се во главниот град. Во Скопје има 20.369 невработени сограѓани, а зад него е Тетово со 12.665 невработени граѓани, па следува Куманово со 9.631 невработени.
Бројките покажуваат дека лицата на возраст над 55 години, како и оние над 60 години кои имаат само неколку години до пензионирање најтешко можат да најдат нова работа во случај да станат невработени. Г
рупата на граѓани на возраст меѓу 55 и 59 години е најбројната група меѓу невработените пријавени граѓани во Агенцијата за вработување на Македонија.
Па така според последните податоци за месец август, во оваа категорија имало 13.495невработени граѓани, а веднаш по нив се лицата над 60 години каде имало 12.175 невработени.
Бројките говорат дека иако се намалува вкупниот број на невработени во земјава, најпроблематично е да се најде работа за постарите лица.П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





