19 Декември, 2025
0.0519

Невработеноста секаде се зголемува

Објавено во: Економија 19 Мај, 2013 20:00

Добивај вести на Viber

Едноставно во Македонија има обратен процес, секаде се зголемува невработеноста, а кај нас се намалува, тоа го кажа и статистика со последниот извештај што го даде пред Нова Година дека невработеноста е под 30 проценти, вели директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. -Дел од заслугата за тоа што бројот на вработени во Македонија расте, имаат големите инвестиции што влегоа во Македонија кои вистински почнаа да заживуваат. Да кажеме само една фирма како што е на пример Дрекслер мајер, која само за една година вработи 700 луѓе, тоа е релевантен податок“ вели Поповски. На прашањето „како е можно да се намалува бројот на невработени во изминативе три години за 100 илјади, а според државниот завод за статистика се зголемува бројот на вработени за 40 илјади“, Поповски одговара: -Во Македонија многу луѓе се научени да работат без регистрација, значи дури и самите невработени не сакаат да бидат пријавени во некои случаи, бидејќи ќе изгубат некое социјално право. Јас не им ја разбирам нивната логика и математика кога прима социјална помош од 2 илјади денари, а од друга страна ќе добиеме работно место каде што ќе ни плаќаат придонеси“ Дел од стопанствениците му се жалеле на Поповски дека имаат проблем за да ги регистрираат вработените, бидејќи не им даваат лични карти. „Не сакаат да бидат пријавени, едноставно- кеш на рака“, изјави директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар