19 Декември, 2025
0.0517

Невработеноста во ЕУ и натаму на високо ниво

Објавено во: Свет 01 Февруари, 2013 12:36

Добивај вести на Viber

Стапката на невработеност во Европска унија во декември 2012 година остана непроменета, трет месец по ред, на рекордно високото ниво од 10,7 проценти., покажуваат денеска објавените резултати на статистичката агенција на ЕУ „Евростат“.

Како што пренесува ДПА, во ЕУ лани во декември без работа биле 26 милиони лица.

На ниво на еврозоната пак стапката на невработеност во последниот месец од 2012 изнесуваше 11,7 проценти, што претставува благо намалување од ноемвриските 11,8 проценти, иако експертите предвидуваа таа да се покачи на 11,9 проценти.

Стапката на невработеност во еврозоната континуирано растеше од средината на 2011 година, па се до октомври 2012, по што во ноември остана на исто ниво.

Според најновите податоци на Евростат, во декември минатата година без работа во еврозоната биле 18,7 милиони лица, што е за 1,8 милиони повеќе во споредба со истиот месец во 2011 година.

Највисока стапка на инфалција во еврозоната и натаму имаат Грција и Шпанија и таа е на ниво од над 26 проценти, при што меѓу младите таа надминуваа 55 отсто. Од друга страна најниски стапки на невработеност имаат Австрија (4,3 проценти), Луксембург (5,3), Германија (5,3) и Холандија (5,8 отсто)

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците