НЕВРАБОТЕНОСТА ЗЕМА ЗАМАВ: Скоро 600.000 Грци ќе останат без работа
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 23 Мај, 2020
Невработеноста поради пандемијата на коронавирусот ќе земе замав во Грција.
Повеќе од половина милион Грци ќе останат без работа до јули.
580.000 Грци ќе ги загубат своите работни места од март до јули 2020 година. Ова е прогнозата на грчката федерација на претпријатија (СЕВ).
Таа бара веднаш да се искористат 1,4 милијарди евра од Европската програма SURE. Тоа ќе значи дека ќе следуваат 483 евра по лице за пет месеци.
Во туризмот 13.000 луѓе останале без работа и 88.000 од други економски сектори.
И во Македонија се забележува раст на невработеноста. Ова може да се види од податоците за бројот на невработени во месец април годинава.Во македонскиот туризам, до 20.000 работни места се доведени во прашање.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.