Невреме кружи над Балканот: Во Хрватска црвен метеоаларм, Будва и Дубровник под вода!
Објавено во: Балкан 02 Септември, 2014 15:04
Обилни врнежи пратени со јак ветер, грмотевици, понекаде и град ни на почетокот на септември не го напуштаат регионот пред кој е, судејќи според предупредувањата на надлежните власти, неколку дена нестабилно време, пренесуваат медиумите во регионот.
Хидрометеоролшкиоте заводи предупредуваат на временски (не)прилики. Во Босна и Херцеговина е издаден портокалов метеоалрм, во соседна Хрватска црвен, спремна е Противградната превентива на Република Српска, а доколку биде потребно и екипите за Цивилна заштита.
Во изминативе 24 часа на подрачјето на Требиња паднале дури 118 литри дожд по метар квадратен. што е рекордна количина на дожд во текот ова лето.
Обилните дождови и грмотевици предизвикале делови од Требиња да останат без електрична енергија, проблеми имало и во поедини бањалучки населби каде одводите не можеле да примат голема количина дожд, а тој предизвикал пораст на поедини водотеци.
Црвениот метеоаларм во Хрватска е на сила поради циклонот Симеон кој го зафатил подрачјето на цел Јадран, па во Дубровник за неполни 24 часа паднале повеќе од 190 литри дожд по метар квадратен, што одговара на тримесечниот дожд во есенски месеци.
После невремето и големата количина на вода дубровничките пожарникари имале вчера зголемен број интервенции, најмногу испумпување на вода од поплавените подруми, бизнис објекти, станови, отстранување на блокирани возила од улиците и паднати дрјва.
И понатаму се на сила редовните мерки за одбрана од поплави на варждинското подрачје и за реката Муру која се излеала.
Во Будва за 6 часа паднале 135 литри дожд
Нестабилното време и во Црна Гора ќе се задржи до крајот на оваа седмица.
Метеорологот Бранко Мицев објаснува дека силната циклонска активност вчера довела до нестабилност на подрачјето на Црна Гора, со напомена дека најмногу дожд паднало во Птеровац.
До утрово во тоа место паднале 200 литри по квадратен метар, додека во Херцег Нови се забележани 155 литри.
„Во Будва за само шест часа паднале 135 литри дожд, што е 120 одсто од вообичаените месечни количини за септември“ прецизираше Мицев.
Говорејќи за временските прилики наредните денови, метеорологот најавил дека до крајот на оваа недела што особено ќе биде изразено во континенталните и северни предели на земјата, додека во почетокот на наредната седмица се очекува стабилизација на времето - повеќе сонце и топли денови.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни




