НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ: Погодени Белград и Загреб
Објавено во: Балкан 26 Мај, 2020
Силно невреме денеска имаше во Србија и Хрватска, каде на удар беа главните градови.
Врнежи од дожд проследени со град го зафатија денеска Белград. Невремето во наредните часови ќе се прошири и на северот од земјата.
Српските медиуми објавија видео-снимки од невремето.
Загреб денеска напладне беше погоден од силно невреме проследено со громотевици. Од невремето се зафатени и другите делови на земјата, каде паѓал силен дожд пропратен со ветер и молњи.Град паѓал во Вараждин, каде се регистрирани повеќе од 2000 молњи.
Ветерот откорнал парчиња од лим, на неколку места скршил гранки од дрвјата, пожарникарите испумпувале и вода од семејна куќа.
Тогаш беа погодени повеќе градови.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.