Добивај вести на Viber
Силен дожд и вистинско невреме попладнево го зафати Охрид. Поради дождот и силниот ветар, во одделни делови на Охрид биле предизвикани повеќе проблеми, јави порталот А1он.
Поради високите езерски бранови, водата стигнала и на улиците покрај градскиот кеј во центарот на градот.
На Галичица пак, на повисоките делови падна и првиот снег есента.