Невремето уништи 50 куќи во Црна Гора
Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2018 10:52
Во невремето коe ноќeска го зафати Херцег Нови оштетени се 50 куќи, а на сите семејства кои во текот на невремето им се уништија домовите организирано е сместување во Спортскиот центар Ггал.
Голема штета е причинета и во болницата Мелње, каде оштетен е кровот на ренгентското одделение, скршени се стакла, срушени се стеблата во паркот.
Целосно е демолирана пумпа, кванташки пазар, големи оштетувања има и на пожарникарниот дом, срушени се билборди, станбени објекти, како и ограда од болница.
Ветерот превртел на кров два автомобили, а неофицијално едно лице е повредено.
Без електрично напојување останале некои од општините.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




