Незаконски се купувала опрема за УБК
Истрагата „Трезор“ е од економски крмининал кој произлегува од „бомбите“ .
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2016
Се работи за злоупотреба на пари од буџетот на Република Македонија.
Од доказите во предметот произлезе основано сомнение дека средствата се злоупотребени.
Три раководни лица во Управата за безбедност и контраразузнавање и Минстерството за внатрешни работи прибавиле имотна корист во износ од над 53 милиони денари.
Од јули 2010 година до крајот на 2012 година, три соомничени заедно ја искористиле службената положба и за Финзи ДООЕЛ Скопје прибавиле имотна корист од 577.045 евра.
Тие со цел да набават опрема за УБК во Велика Британија оствариле состанок со лице од Велика Британија.
Наместо од правно лице, опремата е набавена според доказите преку Финзи ДООЕЛ Скопје, каде управител било лице кое е во крвно сродство со третоосомничениот.
Прво и второ осомничениот на сведокот во МВР усно му наредиле да започне постапка за набавка на опрема без да се испочитува Законот за јавни набавки.
Овој правен субјект имал само зголемување на главнина, а овие средства од Финзи САД која е отворена на Кипар се префрлени во Финзи Скопје.
Дејствата продолжиле и во 2011 година. На сведокот му било наредено дека имаат потреба од дополнителна опрема и е изготвен анекс на договорот.
Понатаму имало и анекс договор за одржување на опремата.
Деталите денеска ги објави СЈО.