19 Декември, 2025
0.0842

Незири: За кус рок добивме инвеститор кој ќе ги задржи сите вработени и ќе ги рестартира рудниците Злетово и Тораница

Објавено во: Економија 24 Март, 2016 14:35

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Беким Незири на денешната прес конференција ја претстави  најповолната понуда за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина - руди на олово и цинк на локалитетот “Злетово“, општина Пробиштип и општина Кратово и на локалитетот “Тораница, Сокол, Бачило и Средно Брдо“ општина Крива Паланка, која беше поднесена од страна на компанијата “Минстрој Холдинг“ АД Софија Република Бугарија.

„Со посебно задоволство можам да констатирам дека со Одлуката што ја донесовме како Влада, а врз основа на Извештајот и евалуацијата од страна на десетчлената владина комисија задолжена за спроведување на постапката за доделување на концесии за експлоатација на минерални суровини – руди на олово и цинк во Злетово и Тораница, за експресно кус рок успеавме да го решиме проблемот кој зад себе го остави фирмата која претходно стопанисуваше со овие два рудника. Тоа ќе значи враќање на сите илјада вработени, дури и можност за зголемување на нивниот број, како и зголемување на нивните плати, според плановите на идниот концесионер“, истакна Незири.

Според него, влезот на Минстрој Холдинг, како лидер во рударството во овој дел од Европа ќе овозможи отварање на нова страница во секторот за минерални суровини во Македонија, особено ако се земат предвид инвестиционите активности на оваа компанија ширум светот и сериозноста и професионалноста на фирмата, чии главни активности се рударството и енергетиката. Понудената вредност од страна Минстрој на електронската аукција, на која учествуваа 3 компании од вкупно 32 кои подигнале документација од системот за електронска аукција, а 5 поднеле понуди, изнесувала тројно повеќе од почетната сума, односно 2 милиони евра, а проценетата почетна инвестиција на Минстрој ќе изнесува околу 10 милиони евра.

Раководството на Минстрој Холдинг потврди дека е комплетно запознато со состојбата на рудниците, како и со постапката на стечај на претходниот сопственик и долговите кои тој ги има, изразувајќи подготвеност да ги превземе и долговите и комплетниот број на вработени, чии плати, исто така, би требало да бидат зголемени. По комплетното завршување на постапката, односно кога одлуката за избор на најповолна понуда ќе стане конечна и ќе се потпише договорот за концесија, Минстрој Холдинг е подготвен веднаш да ги рестартира двата рудника и да инвестира во современа технологија.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар