Незнаење или неразумност? Минимален број осигурани од поплави!
Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2014 11:17
Катастрофалните поплави што ја зафатија Србија, открија уште еден фрапантен податок - само 15.000 граѓани во Србија го имаат осигурано својот имот од поплави.
Уште повеќе, како и кај останатите видови имотно осигурување, повеќето осигуреници од поплави се фирми, додека само ретки граѓани уплатиле да го заштитат својот имот во случај на оваа потенцијална катастрофа.
Проблемот е што поплавите се договараат како „дополнителен ризик“. Во основни опасности осигурителните компании во Србија обично ги пресметуваат пожарите, удар од гром, бура и град, додека за останатите можни штети мора да се договори и дополнително осигурување.
Токму затоа, по катастрофалните поплави во Србија, голем дел граѓани, фирми, па дури и големи компании ќе останат без отштета иако со години плаќале осигурителни полиси - тие уплатиле осигурување за основните, а не и за дополниелните ризици.
„Дефинирањето на основните и дополнителните ризици е извршено врз основа на особините на ризикот кои се предмет на осигурување. Дополнителните ризици, како поплави, се атипични и ги карактеризира ниска фреквенција и голем интензитет. Тоа значи дека поретко се случуваат, а како последица мора да имаат катастрофална штета. Затоа цената предвидена за основните ризици е недоволна да се покријат и дополнителните. Ако се договараат дополнителни ризици, цената на премијата се зголемува“, вели д-р Јована Кочовиќ, професор на Економскиот факултет во Белград.
Според проценките, осигурувањето од поплави во вкупната осигурителна премија во Србија зазема едва 0,6%. Во одредени земји е задолжително заедно со основните ризици, да мора да се осигуруваат и дополнителните ризици од поплава, земјотрес и лизгање на земјиштето. Македонија, како и Србија, не е меѓу нив. И кај нас осигурувањето од поплави најчесто не спаѓа во основен, туку во дополнителен осигурителен пакет.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




