Како Воинот на коњ ја одреди судбината на локацијата меѓу Пелистер и Сити Галери?
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2013 07:54
Првичниот план беше изградба на црква, но тогаш дојде до судир меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, па црквата се дислоцираше кај АРМ.
По некое време за оваа парцела се заинтересира НБРМ, кои планираа токму на ова место да биде седиштето на банкарскиот систем. По неколку неуспешни обиди за избор на идејно решение со образложение дека проектите не ги задоволувале естетските и безбедносните критериуми, и НБРМ се се откажа од парцелата, иако со одлука на Владата земјиштето беше доделено на Народната банка на Македонија на трајно користење.
А, ДУП-от Мал Ринг повторно се враќаше на седниците во општина Центар, старите намени експресно се бришеа и на нивно место се ставаа нови. Во меѓувреме дел од архитектите постојано предупредуваа дека ваквите чести промени се лоши за инвеститорите, оти ако кажано на секои 24 часа се менува урбанистичкиот план, тогаш тие не можат да ги испланирам работите за текот на инвестицијата. Паралелно со намените се менуваше и висината на планираниот објект.
Првично беше планирано објектот да се гради на површина од 2.000 метри квадратни со висина колку една десеткатница, потоа откако надлежните сватија дека на тој начин се загрозува погледот кон спомениот Воин на коњ и Портата Македонија, планот повторно се враќаше на разгледување за да се намали висината. Но и покрај апелите од стручната јавност дека со овој објект се затвора просторот во центарот на градот и се нарушува урбанистичкиот и архитектонскиот стил на централното градско подрачје, власта не се откажа од предвидената маркичка за парцелата.
Во текот на изборната кампања на последните локални избори, тогашното раководство на општина Центар, на итно закажана седница се обиде да протурка во сред изборен молк неколку измени за овој урбанистички и за уште неколку, меѓу кои повторно беа предложени измени за оваа атрактивна локација. Тогаш под притисок на опозицијата седницата не се одржа, па измените на планот не поминаа. Опозициските советници обвинуваа дека општината на чело со тогашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, сака набрзина да истурка измени за клучни урбанистиччки планови, само во интерес на нечии бизнис интереси. Тогаш за дел од советниците беше нејасно, зошто дел од измените за оваа локација беа во насока на зголемување на катноста на објекот, кога токму советниците од владејачката коалиција за овој објект бараа намалување на катноста за да се запази визурата на спомениците.
Локацијата нема да остане празна!
Министерството за транспорт и врски реши да го продава земјиштето за оваа локација. Вчера објави оглас во кој освен посебните тендерски услови, новиот газда мора да стави фасада по претходно направено идејно решение. Според податоците од огласот, земјиштето е со површина од 1.046 метри квадратни е наменето за изградба на објект со приземје и три ката, со бруто изградена површина од 3.780 метри квадратни. Намената на објектот останува иста, за комерцијални и деловни дејности. Почетната цена изнесува 6.000 денари за метар квадратен. Најповолниот понудувач треба да изработи основен проект врз снова на идејното решение подготвено од страна на министерството, кое пак е во склоп со околниот амбиент, односно во неокласицистички стил. Проект треба а добие одобрение од комисијата од министерството, па потоа одобрение за градба. Министерството понуди две идејни решенија. Едно од решенијата предвидува на плоштадот да се изградат шпански скали, како оние во Рим. Во образложението стои дека доколку се измени урбанистичкиот план, најповолниот понудувач треба да подготви основен проект врз основа на второто идејно решение за фасадата на објектот, исто така изработено од министерството.Според условите во огласот, објектот треа да се заврши во рок не подолг од шест години од денот на добивање на градежната дозвола.
На објавувањето на огласот остро реагираше сегашниот градоначалник на ошштината Центар, Андреј Жерновски
-Повторно за багателна цена и на сомнителен начин, се продава една од најатрактивните парцели во строгиот Центар на Скопје. Поради најавената ревизија на Деталниот урбанистички план, централната власт се обидува ова да го пресретнe. Сакам да упатам јасна порака до инвеститорот добро да размисли бидејќи, веќе следната недела следува ревизија на Деталниот урбанистички план. Одобренија за градба нема да се издаваат се до конечната ревизија на ДУП-от, за кој, општината цени дека дека не е во согласност со Генералниот урбанистички планУП-от и намената на оваа површина е спорна. Одлуката е спротивна на законот и Уставот, затоа што изменувањата и дополнувањата на Деталниот урбанистички план за „Малиот ринг“, не се во согласност со Генералниот урбанистички план на град Скопје, изјави Жерновски
На ваквата реакција следеше контра реакција од министерството и од ВМРО ДПМНЕ. Сопред транспорт, постапката е во рамките на законите, а изјвата на градоначалникот ја прогласија за дезинформација. Од ВМРО ДПМНЕ пак сметаат дека обвинувањата на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски се обид да ја прикрие својата неспособност и фактот што ништо не сработил од стапување на функцијата.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





