05 Декември, 2025
0.0663

Ни се заканува ли голема геомагнетна бура?

Објавено во: Анализа 30 Јуни, 2014 07:49

Добивај вести на Viber

Екстремна геомагнетна бура ќе ја погоди Земјата во блиска иднина, се вели во неодамна спроведена студија на осигурителната компанија Lloyd's of London. Според истражувачите речиси нема шанси природната катастрофа да се избегне, а постои и веројатност тоа да предизвика сериозни нарушувања во САД, како и да нанесе економски штети за повеќе од 2 трилиони долари на земјата. Сончев максимум Додека сончевите бури можат да се појават во секое време, соларната активност се зголемува. За сончевите циклуси судиме според количеството темни дамки на површината на ѕвездата, кои астрономите ги набљудуваат внимателно. Колку повеќе такви дамки има, толку повеќе сончевата активност се намалува и обратно. Иако е тешко да се прогнозира точно, врвот на сегашниот сончев циклус се очекува да се манифестира меѓу 2013 и 2015 година Од 1900 година најмногу такви дамки (близу 200) се забележани кон крајот на 50-тите. Судејќи според астрономски податоци, при нормален сончев максимум на површината на ѕвездата има помеѓу 100 и 160 такви дамки. Темни дамки Просечната темна дамка на сончевата површина е многу поголема од планетата Земја. Сончеви ерупции Сончевите ерупции (CME - Coronal Mass Ejection), претставуваат големи балони од магнетски гас (плазма), кои еруптираат од горните слоеви на сончевата атмосфера во рок од неколку часа. Ерупцијата се добива кога магнетните бранови поврзуваат две сончеви дамки, се извртуваат и раскинуваат над површината на Сонцето. Така тие испраќаат тонови од протони и електрони во вселената. Штит Земјата има свое магнетно поле кое обезбедува одредена заштита од сончевите бури. Онака, половите на планетата ни се поранливи од остатокот, бидејќи токму таму се собираат магнетните бранови на Земјата, што им овозможува на сончевите честички да навлезат во атмосферата. Патот до Земјата Кога соларната бура се насочува кон Земјата, магнетното поле отстранува голем дел од магнетскиот сончев материјал. Ако бурата е доволно силна магнетното поле се растегнува, линиите се прекинуваат и потоа повторно се поврзуваат, формирајќи "инка", која води текови од магнетска плазма кон половите на планетата. Кон се повеќе населени региони Колку силна е ерупцијата, толку по далеку од краевите може да нарасне плазмата, а со тоа расте и можноста да нанесе штета на повеќе густо населени региони. За време на невообичаено силна соларна бура во 1909 година плазма блесок , била забележана од Екваторот. Во 1989 година, пак, луѓето го виделе најубавиот отсјај во земјината атмосфера, соларни честички од Флорида и Јапонија. Во моментов сончевата активност се забележува од четири сателити. Advanced Composition Explorer или ACE кои обезбедуваат детални информации и предупредување за претстојни геомагнетни бури, кои ќе ја достигнат Земјината атмосфера за 30 минути. Вториот сателит SOHO предупредува за евентуални пречки во електрониката на Земјата како последица на соларна активност, кои можат да бидат почувствувани до 3 дена. Другите два апарати - Stereo A и B - се идентични. Тие обезбедуваат стереоскопски слики на сончевите коронарни ерупции. K.K.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени