„НИЕ СО ТОА НЕ МОЖЕМЕ ДА СЕ СПРАВИМЕ“: Јаневска за продажбата на ваучерите што им се доделуваат на студентите
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2025 13:34
Министерката за образование и наука Весна Јаневска прашана за случаи кога студенти кои добиле ваучер за набавка на електронски уред, а потоа ги продаваат, кажа дека проектот бил ветен и реализиран, а на совеста на студентите е како ќе постапуваат со нив.
-Проектот беше ветен. Ваучерите им беа ветени на студентите и вообичаено она што сме ветиле, ние и остваруваме. Има досетливи студенти кои на разно разни начини се обидуваат некако да си го олеснат животот. Ние со тоа не можеме да се справиме. Се справуваме со тоа што во образовниот систем внесуваме нови вредности, нови програми, нови теми за обработка и така натаму. Останува на нивната совест и свест да одлучат што ќе направат со ваучерите, одговори Јаневска на новинарско прашање за време на одбележување 70 години постоење на Државното средно училиште со ресурсен центар - „Партенија Зографски“ во Скопје.
Надлежните информираа дека ќе се доделуваат вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди. Јаневска на „Фејсбук“ објави дека 55 илјади студенти ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски уред.
- Повикот е објавен и може да се аплицира преку порталот uslugi.gov.mk, најдоцна до 20.12.2025 година. Ги повикувам студентите да се пријават и да го остварат своето право, повика министерката.
Фото:МИАМожеби ќе ве интересира
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер




